Каде ќе завршат милионите и имотите? Ана и Бастијан склопиле важен договор по официјалниот развод

Супермен

02/09/2025

11:41

2.893

Големина на фонт

а а а

Поранешните сопружници успеале на цивилизиран начин да се договорат за распределбата на недвижнините кои ги стекнале во заедница.

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер на цивилизиран начин одлучиле да се разведат, па од разделбата не направиле циркус туку со своите правници ја потпишале потребната документација и пред судот ставиле крај на својата заедница после девет години брачен живот.


Единствено за што се грижеле било имотот којшто го стекнале во текот на заедничкиот живот да им го остават на децата. Некогашните сопружници имаат тројца синови на чии имиња се распределени недвижнините кои со заеднички сили ги стекнале.

Дека на официјалниот однос дефинитивно е ставена точка, потврдил и адвокатот на поранешната тенисерка, а како што се наведува, причината за тоа се ненадминливите разлики меѓу сопружниците. Тие одлучиле и старателството да биде поделено, а на Ивановиќ ѝ припаднала куќата во која моментално престојува со своите синови.

„Емоциите меѓу Ана и Швајнштајгер исчезнаа, но не и обврските и почитта. Поради децата останале во коректни односи и не правеа драма на социјалните мрежи. Се разделија човечки и цивилизирано. Јасно е дека нивниот развод е мистерија, особено поради имотот којшто го поседуваат. Поради љубовта која ја чувствуваат кон децата одлучија она што го стекнаа во бракот да им го остават на своите синови. Адвокатите направија договори и сѐ е обезбедено на највисоко ниво“, изјавил извор којшто е добро упатен во животот на некогашната тенисерка.


Ана пред бракот инкасирала околу 20 милиони евра, додека пак Швајнштајгер бил „тежок“ 90 милиони евра. Како што тогаш пренеле медиумите, секој од сопружниците ги задржал своите имоти стекнати пред бракот. Ана така заштитила 10 милиони евра кои ги имала на сметка, додека пак Бастијан поголем дел од своето богатство го вложил во недвижнини.

Познато е дека Ана има доживотен договор со познат светски бренд вреден околу 100 милиони евра, а тоа е дел од предбрачниот договор и тие пари нема да бидат предмет на поделба. Сопружниците пред бракот се договориле да ги задржат своите банкарски сметки. Во годините кои следеле Ана и Бастијан вложувале не само во семејството туку и во луксузни недвижнини ширум Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk