Познати сите детали од голготата на автомобилскиот гигант: Се затвораат 7 фабрики, се намалува производството и се подготвуваат 20.000 откази

Супермен

02/09/2025

17:49

1.496

Големина на фонт

а а а

Изминативе месеци низ јапонските медиуми се провлекуваат вести за реструктурирање на домашниот автомобилски гигант „Nissan“ за тоа како тој, под новиот генерален директор Иван Еспиноза, има намера да го намали производството за милион возила годишно поради што ќе се затворат седум фабрики ширум светот.

Сега мозаикот е надополнет, па можеме конкретно да кажеме за кои фабрики станува збор, како и кој број возила точно ја претставува саканата цел за новото раководство.

Имено, покрај две фабрики во префектурата Канагава, недалеку од Токио, јапонската јавност дознава дека катанец ќе се стави и на две фабрики во Мексико и по еден во Аргентина, Јужна Африка и Индија.

Затворање на фабриките во странство

Всушност, јапонските медиуми јавуваат дека „Nissan“ штотуку се ослободил од своите обврски поврзани со Индија каде без оглед на поволното работење и политичка клима за јапонското вложување, на партнерот „Renault“ им го продале својот удел во заедничката фабрика за 400 милиони долари.


Фабриката е во градот Ченај, чија работа започнала во 2010 година и до 2023 година биле создадени два и пол милиони возила и служела не само за снабдување на Индија туку и извоз во странство.

Без оглед на оваа продажба „Nissan“ ја губи фабриката во една од двете најгусто населени земји во светот, па во иднина своите возила ќе ги продава преку француската компанија.

Најголемата нејапонска жртва на „Nissan“ ќе биде Мексико, домот на новиот генерален директор Еспиноза каде до крајот на фискалната 2025 година ќе бидат затворени две до три фабрики.

Меѓу нив е и онаа најголемата „CIVAK“, во државата Мерелос која воопшто е првата фабрика која јапонскиот произведувач некогаш ја изградил во странство (сега веќе во далечната 1966 година).

Втората мексиканска фабрика која ќе се затвори е капијата „COMPAS“ која „Nissan“ ја отворил во соработка со „Mercedes-Benz“ во државата Агвакалиентес .

Инаку, во фискалната 2024 година „Nissan“ во Мексико произвела 670.000 возила.

На мета на рационализација е и погонот во аргентинскиот град Кордоба која е во соработка со „Renault“ и која годишно произвела околу 100.000 возила, главно пикапи за потреба на јужноамериканскиот пазар.


Цели и тешки реформи

Крајната мета на новото раководство на „Nissan“ кое стапило на функција во април е редукција на бројот на произведени возила, просечно од три и пол на два и пол милиони годишно.

Во самата Јапонија произведувањето ќе биде намалено за околу 390.000 единици и сведено на околу 800.000.

Основната цел на реформите во компанијата се намалени трошоци за работење и унапредување на конкурентноста низ намалување на вишокот, зголемување на ефикасното производство и искористување на производните капацитети.

За таа цел „Nissan“ планира ширум светот да отпушти вкупно 20.000 работници, како последица на тоа реструктурирање, бројот на неговите фабрики заклучно со фискална 2027 година ќе се намали од 17 на 10.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk