Магазинот „Travel + Leisure“ ја објави листата на најдобри градови во Европа според изборот на читателите, а на првото место се најде Фиренца.
Магазинот им се обратил на своите читатели кои за овогодишната награда „World’s Best Awards“ дале повеќе од 657.000 гласови, оценувајќи ги знаменитостите, културата, храната, гостопримливоста, можноста за капење и вредност за пари во секој град.
На врвот од листата се најде Фиренца. Овој италијански град, според зборовите на читателите од магазинот е место каде архитектурата е прекрасна, луѓето се пријателски настроени, а храната е фантастична.
Без оглед на тоа што градот е со околу 700.000 жители, магазинот вели дека „има чувство на мал град“ и тоа е една од причините зошто е толку популарен и добил импресивна оцена од читателите 90,08 од 100.
„Ја посетив Фиренца 12 пати и никогаш не е здодевна“, „Архитектурата е прекрасна, луѓето се пријателски насочени, а храната е фантастична“, „Седев во бар и го пиев најдобриот руски чај којшто некогаш сум го пробал, гледајќи го заоѓањето на сонцето“, биле само дел од коментарите.
Ова се 15 европски градови кои се прогласени за најдобри:
Фиренца;
Севиља;
Гранада;
Истанбул;
Рим;
Сиена;
Порто;
Мадрид;
Лисабон;
Лион;
Прага;
Салцбург;
Кордоба;
Атина;
Aix-en-Provence.