Уште еднаш покажа дека е една од најубавите Србинки и жени кои имаат многу голем моден вкус.
Српската модна блогерка Тамара Калиниќ уште еднаш докажа зошто е вистинска кралица на црвениот тепих. Овојпат, на Венецијанскиот филмски фестивал се појавила во фустан со којшто го привлекло вниманието кај присутните.
Тамара веќе е позната по својот единствен стил, ги следи трендовите, но никогаш не го губи личниот печат. И додека многу од светските ѕвезди се појавиле на фестивалот, нејзината појава едноставно немала конкуренција.
Овојпат блогерката заблескала на премиерата на филмот „A House of Dynamite“.
Белата боја била доминантна на овогодишната модна тема, а Тамара докажала дека класиката може да биде и несекојдневно ефектна. Нејзиниот фустан потсетувал на гламурозна венчаница, со разигран крој и впечатлив корсет којшто внел софистицираност и динамика во целиот стајлинг.
Масивниот златен накит дополнително ја збогатил комбинацијата, а Тамара како и секогаш знаела како да остави простор за да заблеска.
Спојот на белата и златна боја бил совршен, а начинот на којшто инфлуенсерката од Србија ја носела оваа комбинација покажува зошто е меѓу најдобрите модни имиња од Балканот.