Кога ќе ја спомнеме класичната италијанска убавина и шарм во мислите се создава слика за жени кои имаат беспрекорен стил, кои умеат убаво да се облечат и секако да се нашминкаат.
Нивниот стил не е премногу комплициран, но за совршен изглед потребно е максимално да се посветите. И, секако без драматичност ништо.
Италијанскиот стил на разубавување доаѓа однатре. Прво треба да имате позитивно размислување за светот, чувство на внатрешен мир, а шминката е тука само за да го нагласи она што имате да го покажете.
Трикови на Италијанките за убавина
Драматично црвена
Класичната италијанска убавина подразбира користење суптилна шминка, но акцентирањето на еден детаљ е клучно.Станува збор за црвениот кармин којшто остава впечаток дека жената има префинет вкус и самодоверба. Италијанките кои ја почитуваат класиката не се плашат од таа боја и често ја користат.
Акцент на очите
Италијанките кои сакаат класичен стил се склони кон акцентирање на своите очи со ајлајнер или сенка за очи. Подготвени се во дневна варијанта да носат изразена сенка за очи затоа што стилот им е најважен.
Нема тенки веѓи
Како што кажавме, драмата е многу важна во целокупниот изглед и кога ќе кажеме драма мислиме на нешто изразено, силно и авангардно. Кај Италијанките кои негуваат класичен стил нема тенки веѓи, постојат само јаки и дебели веѓи кои се нивен заштитен знак.