Додека многумина посегнуваат по брзи решенија како што е популарниот лек „оземпик“, една жена тврди дека нејзиниот рамен стомак не се должи на лекови, туку на едноставна исхрана и редовно вежбање.
Џина Древаловски, 59-годишна инфлуенсерка од Германија, на својот Инстаграм профил, каде што ја следат повеќе од 730.000 луѓе, откри како одржува линија и рамен стомак благодарение на три едноставни но заситувачки оброци. Нејзината исхрана е многу едноставна, проследена со редовно вежбање и позитивна психологија.
„Сакам да ширам позитивност и да покажам дека стареењето е наша супермоќ“, им порача Џина на своите следбеници.
Сите нејзини оброци се богати со протеини, лесни за подготовка, нутритивно избалансирани и најважно, заситувачки.
Појадок: Кајгана со леб и мисиркино месо (348 калории)
3 јајца
1 парче интегрален леб
50 г чери домати
2 парчиња чадена шунка од мисирка
Џина советува:
„Направете кајгана, издлабете ја средината на лебот во круг, наполнете го со јајца и топли домати, лесно притиснете и ставете ја мисиркината шунка одозгора.“
Овој оброк содржи 27 г протеини, 21 г јаглехидрати и 16,6 г здрави масти.
Ручек: Протеински тост со лосос и авокадо (420 калории)
1 парче интегрален леб
½ авокадо (пасирано со морска сол, лимета и бибер)
2 тврдо варени јајца
1 мала краставица
1 парче мариниран лосос
малку свежа маточина или рукола
Измешајте ги сите состојки како сендвич.
Овој ручек содржи 26 г протеини, 22 г јаглехидрати, 25 г масти и 7 г растителни влакна.
Вечера: Здрав оброк со говедско месо (околу 480 калории)
200 г говедско филе
моркови, црвени и жолти пиперки
ананас, спанаќ
лук, ѓумбир
малку кокосово масло
соја сос, јаболков оцет, сок од портокал
варен ориз (по желба).
Прво испржете го говедското месо и оставете го настрана. Потоа динстајте го зеленчукот и ананасот, додадете го спанаќот и сосот, вратете го месото во тавата и наросете сусам. Во комбинација со ориз, оброкот содржи 35 г протеини, 15 г масти и 50 г јаглехидрати.
„Особено ако редовно тренирате, важно е правилно да го храните вашето тело. Овие оброци се само предлози, секогаш адаптирајте ги на вашиот животен стил. Телото треба да се храни со љубов, а не со лишување. Силата е она што е важно. Ако ви треба повеќе енергија, јадете повеќе јаглехидрати или додадете протеинска плочка“, советува Џина.