Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз покажа дека модата може одлично да се комбинира со врвниот тенис на теренот.
Во финалето на Ју-Ес Опен, Алкараз го победи Јаник Синер, но покрај неговата мајсторија на теренот, тој набрзо стана тема на дискусија и поради неговата спортска опрема на теренот.
Имено неговите виолетови патики го привлекоа вниманието на повеќето гледачи, како и на неговата маица и шорцови, кои беа во слични нијанси, па затоа нема да изненади ако младата шпанска ѕвезда наскоро стане уникатна модна икона.
Алкараз носеше розова маичка без ракави и виолетови шорцови, а изгледот го надополни со патики во истата нијанса на виолетова – персонализиран модел „Nike Vapor 12“, инспириран од „Vapor Pro 1“ од 2020 година, патиките кои ги носел често во раните фази од својата кариера.
Популарниот Карлитос потврди дека влегол во златната ера на својата кариера, а неговото соперништво со Синер веќе влегува во историјата како едно од највозбудливите во модерниот тенис.
Останува да видиме дали ќе ги оправда сите комплименти што ги доби, па можеби наскоро токму него ќе го следиме кога станува збор за модните трендови.