[ФОТО] Поранешната сопруга на Борис Бекер позирала за Плејбој: На 49 години го покажа „бруталното“ тело и предизвика „земјотрес“ во Германија

Супермен

10/09/2025

19:47

2.826

Големина на фонт

а а а

Лили Бекер, родена е во Ротердам пред 49 години, од кои девет години поминала во брак со голем шампион чие презиме го задржала, се занимавала со манекенство и во меѓувреме станала популарна ТВ личност, а сега повторно е во центарот на вниманието бидејќи направила смел и прилично провокативен чекор.

Борис Бекер, чиј бурен приватен живот и љубовни преплетувања повеќе ја забавуваа јавноста од неговите успеси во „белиот спорт“, едвај чека повторно да стане татко. Но, овие денови и неговата поранешна сопруга е во центарот на вниманието.


Имено Лили позирала за германското издание на култното списание „Плејбој“, а октомвриското издание со нејзиното насмеано лице на насловната страница наскоро ќе се најде во продажба. Нема сомнение дека ќе се распродаде за кратко време.

„Храбар потег на таа возраст“, „Суперинтелигентна и убава жена со одлична смисла за хумор“, „Секси и елегантна“… Коментарите само се множат, а објавата на Плејбој на Инстаграм заработи илјадници лајкови за неколку часа. Бекер позирала за насловната страница облечена во црн, заводлив комбинезон со тантела, чии прерамки сензуално се спуштаа од нејзините рамена откривајќи ѝ го деколтето и „застанувајќи“ токму таму каде што треба.


Прекрасната холандска манекенка е родена како Шарлели Лили Керсенберг во Ротердам пред 49 години. Нејзиниот татко е Германец, а нејзината мајка е по потекло од Суринам. Таа го запознала Бекер во 2008 година, во клуб во Монте Карло. Тие се венчале во јули следната година, а неколку месеци подоцна го добиле синот, Амадеус.

Сепак, среќата не траела долго – бракот се распаднал во 2018 година. Инаку како што откри Лили во едно интервју, тоа не бил добар тајминг, бидејќи приближно во исто време познатиот тенисер западнал во финансиски проблеми, поради што банкротирал и завршил во затвор.


Инаку Лили и Амадеус, кои долго време живееле во Лондон, неодамна се преселиле во Германија. По горчливиот развод, темпераментната Холанѓанка решила да ги земе работите во свои раце и да започне нова кариера со нов живот.


Во февруари, таа победи во популарното ријалити шоу и стана „Кралица на џунглата“, патем заканувајќи му се на својот поранешен сопруг дека ќе го „искубе“ на суд затоа што редовно не плаќал алиментација. А фотографирањето за Плејбој е чекор понатаму, и тоа од седум милји, велат многумина. Но, според она што го видовме на насловната страница, Лили не згрешила.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk