[ФОТО] „Ги сликав цените во Шведска: За нив, ова е евтино пиво во кафуле, а кога ќе видите колку плаќаат за едно јаболко – нема да ви биде добро“

Супермен

10/09/2025

21:42

1.730

Големина на фонт

а а а

Авантуристката Ана Кабала на својот Инстаграм профил „Putničarenje“ редовно пишува и известува интересни факти за земјите кои ги посетува, Овојпат, тоа беше Шведска и животниот стандард и цените таму.

„Шведска инаку важи за скапа, но се покажа дека е најевтина од скандинавските земји, кои неодамна ги обиколив“, го започнува своето искуство Ана.

„Лесно беше во Финска, каде што се користат евра – во Шведска (како и во другите скандинавски земји) постојано се пресметувате во круни.

Инаку е: 1 SEK = 0,090 € = 10,54 денари. На мене ми беше полесно да запомнам дека 1 евро е околу 11 шведски круни, па истакнатите цени ги делев со 11 за да добијам приближна претстава.

А впечатокот е дека некои задоволства таму може да си ги дозволите поевтино отколку во Белград, меѓутоа и понатаму има цени кои можат да нè шокираат. Еве некои кои ги забележав попатно.


Ручек на акција може да се најде и во главната пешачка зона за 99 круни (нешто помалку од 9 €) и тоа е „јадење на денот“, додека регуларна паста, на пример, во ресторан чини од 15 евра па нагоре, другите јадења се поскапи.

Брзата храна е, секако, многу поевтина – иако се изненадив кога видов колку чинат ќебапите во Малме.


Најевтиното пиво што го видов како „повикува“ во предвечерието од едно кафуле беше 39 круни (3,5 €), но не прашав за која доза станува збор, бидејќи таму изгледа поволно е и она од 75 круни (6,75 €).


Ако сакате да се почестите на шеталиштето покрај море, сладоледот е од 55 круни (нешто помалку од 5 евра), а мало еспресо 25 (2,25 евра).


Овошје на улица – манго или кутивче грозје – ќе платите 15 круни (1,35 €), а во маркет и јаболко се продава на парче за 10 круни (0,90 €), ролна со цимет е 25 (2,25 €), две чоколатца 55 (4,95 €)…


Погледнете уште кои други цени снимив во Шведска, а за повеќе впечатоци од скандинавските земји – заследете го „Putničarenje“ на Инстаграм“, заклучува Кабала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk