Велат дека ова место е она каде секој може да си купи стан: „Всушност, условите се многу добри“

Супермен

15/09/2025

20:57

764

Големина на фонт

а а а

Купувањето стан во Германија станува сѐ потешко за просечните граѓани. Според извештајот на „Postbank Wohnatlas“ 2025, просечниот стан којшто луѓето го купуваат има околу 80 метри квадратни и чини околу 231.000 евра.

Кога ќе се пресметаат дополнителните трошоци – данок, такси, нотари, вкупната цена се зголемува на околу 260.000 евра.

Поголем дел од луѓето не можат тоа да го платат „од џеб“, па принудени се да земат кредит. Вообичаено 25 отсто од цените ги покриваат со сопствени пари, а 75 отсто земаат кредит.


Кај просечната камата од 3,5 отсто и почетната отплата од 2,5 отсто, месечната рата за кредит изнесува околу 973 евра, а се отплаќа околу 25 години.

Експертите препорачуваат за станот да не се трошат повеќе од 30 отсто од месечните нето примања. Тоа значи дека вашата нето плата треба да биде најмалку 3.243 евра, што е многу повеќе од германскиот просек, којшто изнесува околу 2.750 евра.

Каде станот е најевтин?

Најевтините станови се во источна Германија, особено во помалите места и селата. Таму стан од 80 метри квадратни, заедно со дополнителните трошоци може да чини и помалку од 85.000 евра.

Во тој случај, месечната рата паѓа на само 300 евра и доволна е бруто плата од околу 1.300 евра, што ја има речиси секое домаќинство во Германија.

Колкава е просечната плата во Германија?

Просечната бруто плата во Германија е околу 4.300 евра. Со таа плата може себеси да си дозволите стан во околу 147 од 400 градови и окрузи. Тука спаѓаат и градовите како Бохум, Волфсбург и слични помали и средни градови.


Каде становите се најскапи?

Најскапи се големите градови и туристички региони. Во градовите како што се Берлин, Франкфурт и Хамбург, потребна е бруто плата од над 13.000 евра месечно. Во Минхен е најлошо – таму ви се потребни над 18.500 евра бруто плата за да ги исполните условите за кредит за стан од 80 метри квадратни.

Како да купите стан во скапите градови?

Експертите предложуваат неколку решенија:

- Купете помал стан, на пример стан од 40-на метри квадрати.
- Прифатете полоша локација или постара недвижнина, тоа често значи и пониска цена.
- Потрошете повеќе од 30 отсто од приходите, во поскапите градови луѓето често даваат и до 50 отсто од приходите на кредит.
- Делете го станот со некој, доколку живеете со партнер или цимер, трошоците по лице се многу помали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk