Руни: Јунајтед нема лидер, Мегваер мора да биде стартер

Макфакс

15/09/2025

13:22

139

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, верува дека тренерот Рубен Аморим мора да врати искусен играч во тимот за да го реши проблемот со недостатокот на лидерство што беше очигледен во поразот во градското дерби.

Тимот на Аморим беше лошо поразен од Манчестер Сити со 3:0 во неделата, а резултатот само го продолжува лошиот почеток на сезоната за „Црвените ѓаволи“, пишува „Дејли Мејл“.

Јунајтед забележа само една победа во првите четири кола од Премиер лигата, а доживеа и понижувачка елиминација од Карабао Купот од Гримсби. Руни, најдобриот стрелец во историјата на клубот, го гледа недостатокот на лидери на теренот како клучен проблем и верува дека Хари Магваер би можел да ја реши таа ситуација.

Зборувајќи во емисијата „Вејн Руни Шоу“ на Би-Би-Си, тој праша зошто Магваер падна во втор план во оваа сезона. Против Сити, Аморим се одлучи за Лени Јоро, Матијс де Лихт и Лук Шо во одбрана од тројца играчи, додека Мегваер влезе од клупата на „Етихад“ дури во 62-та минута.

„Хари треба да биде во почетниот состав“, рече Руни. „Го слушнав Џими Флојд Хаселбејнк како зборува за тоа и колку на Англија ѝ недостигаше Хари Мегваер на Европското првенство, бидејќи тој е лидер. Седам размислувајќи како може да биде во тимот кога се игра во систем со тројца во задната линија. Тој треба да биде таму, на Јунајтед им недостига лидер.“

Руни се согласи со поранешниот капитен на Јунајтед, Рој Кин, во неговата критика за недостатокот на страст кај играчите во дербито. Натпреварот заврши без ниту еден жолт картон.

„Можеш да изгубиш на „Етихад“, но не видов ниту еден старт – дури ни кога резултатот беше 2:0, 3:0. Не видов никого да каже „знаеш што, нема да го трпам ова“ и да добие жолт картон или да направи жестпк фаул“, рече Руни.

„Таа страст, таа желба. Тоа продолжува и продолжува. Сакам да бидам што е можно попозитивен и да ги поддржувам тренерот и играчите, но многу е тешко да седам тука и да кажам дека гледаме напредок или дека гледаме работи што ќе донесат резултати во блиска иднина.“