Пожар рано утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во местото викано Каменик. Во сервисот имало повеќе автомобили, масло за автомобили и запаливи предмети.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот избувнал пред 04 часот и дека е изгаснат пред шест часот. На терен интервенирале осум противпожарни возила.
По повод овој настан на социјалните мрежи се огласи и градоначаникот на општина Кисела Вода кој напиша:
По целовечерна борба со три пожари во Скопје, градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрото го започна на кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко, кого го нарече „вистински чувар на градот и херој“.
❗️После целовечерна борба со три пожари во Скопје, утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко -...
Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Monday, September 15, 2025
Во продолжение на серијата пожари кои ја зафатија метрополата, во 04:00 часот изутринава во населбата Стаклара беа запалени два сервиси за автомобили. Благодарение на брзата реакција на противпожарните екипи, огнот беше локализиран и целосно изгаснат. Иако има материјална штета, за среќа нема повредени или жртви.
„Ова што се случува е повеќе од случајност, ова е алармантно! Некој упорно го потпалува градот, а за тоа ќе мора да има одговорност“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој побара од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство итно да преземат конкретни мерки, нагласувајќи дека Скопје и неговите граѓани мора да бидат заштитени од намерни закани и загадување.