Објавена е преписката меѓу убиецот на Чарли Кирк и неговиот цимер, Обвинителството бара смртна казна

Макфакс

17/09/2025

09:56

2.346

Големина на фонт

а а а

Тајлер Робинсон (22) од Вашингтон, Јута, е официјално обвинет за убиството на познатиот десничарски американски влијателен човек Чарли Кирк.

Обвинителите објавија дека ќе бараат смртна казна за него, наведувајќи ја неговата ДНК пронајдена на чкрапалото на оружјето како клучен доказ, објави Скај њуз.

Објавена е преписката меѓу убиецот и неговиот цимер

Според обвинението, под тастатурата на Робинсон е пронајдена порака: „Ми беше дадена можност да го убијам Чарли Кирк и ќе ја искористам“. Тој е обвинет и дека му наредил на својот цимер да ги избрише „инкриминирачките пораки“ за убиството и да молчи за време на полициското испрашување.


Во пораките што ги извлекле обвинителите, Робинсон, откако го прашал својот цимер дали тој е „оној што го сторил тоа“, одговорил: „Јас сум, жал ми е“. Во друга порака, тој наводно напишал: „Доста ми е од неговата омраза.“, додавајќи дека го планирал пукањето малку повеќе од една недела.

За време на читањето на обвинението, беше објавена целата преписка помеѓу убиецот на Кирк и неговиот цимер, кој е трансродов и е во романтична врска со него.

Робинсон: „Престани што и да правиш, погледни под мојата тастатура.“

(Кога цимерот погледна под тастатурата, најде белешка на која пишуваше: „Имам шанса да го убијам Чарли Кирк и ќе ја искористам.“)

Цимерот: „Што? Се шегуваш, нели?“

Цимерот: „Не го направи тоа, нели?“

Робинсон: „Го направив, жал ми е.“

Цимерот: „Мислев дека фатија некој човек?“


Робинсон: „Не, фатија некој луд старец, а потоа испрашуваа некого во слична облека. Планирав да го земам пушката наскоро потоа, но поголемиот дел од градот е блокиран. Тивко е, речиси доволно за да се излезе, но има едно возило паркирано таму.“

Цимерот: „Зошто?“

Робинсон: „Зошто го направив тоа?“

Цимерот: „Да.“

Робинсон: „Доста ми е од неговата омраза. За некои работи не може да се преговара. Ако успеам да ја земам пушката незабележан, нема да оставам никаква трага. Ќе се обидам повторно да дојдам до неа, се надевам дека се тргнаа. Не видов дека пронајдоа нешто.“

Цимерот: „Колку долго го планираше ова?“

Робинсон: „Мислам дека малку повеќе од една недела. Можам да се приближам до неа (пушката), но има полициско возило паркирано до неа. Мислам дека веќе го пребарале местото, но не сакам да ризикувам.“

Чарли Кирк, 31, политички активист и близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, беше застрелан во вратот минатата среда за време на митинг на Универзитетот во Јута Вали.


Окружниот обвинител Џеф Греј ги истакна отежнувачките околности, наведувајќи дека „се верува дека обвинетиот го нападнал Чарли Кирк врз основа на неговите политички ставови и дека го сторил тоа знаејќи дека деца се присутни и ќе бидат сведоци на убиството“.

Тој е во притвор без можност за кауција од неговото апсење.