Мбапе ги сфаќа поплаките од Марсеј за пеналот кој донесе победа за Реал: Веќе никој не знае…

Дерби

17/09/2025

11:45

257

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе беше прецизен реализатор на две најстроги казни, а токму неговата мирна завршница беше клучна за нова победа на Реал Мадрид од стартот на сезоната.

Првиот натпревар во Лигата на шампиони донесе доста голем предизвик за тимот на Чаби Алонсо, па иако Реал доминираше, на крајот го скрши отпорот на Марсеј со два удари од белата точка.

Првиот пенал беше чист прекршок и воопшто не се доведува во прашање, но оној вториот е доста дискутабилен, а со тоа се согласува и Мбапе кој веќе ни сам не знае кога се суди пенал кога еден играч несакајќи ќе ја удри топката со рака.

– Комплицирано е да се дава изјава на оваа тема, правилото за играње со рака е навистина комплицирано и веќе никој не го разбира. Прво ни велеа дека секое играње со рака ќе биде пенал, а потоа не…

– Нема логика и постојано гледаме различни интерпретации. За мене ова беше пенал, но ги сфаќам и оние кои велат дека нема. Сите сме загубени и не знаеме како функционира ова правило. Кога веќе досудија пенал, јас шутнав и дадов гол, се останато сега е неважно, – изјави Мбапе.