Илкај Гундоган се раздели со Манчестер Сити и ја започна приказната со турскиот шампион Галатасарај.
Играчот од средината на теренот мина многу успешни и убави години на „Итихад“, стана еден од милениците на навивачите, изгради наследство, а и создаде фантастичен однос со менаџерот Пеп Гвардиола.
- Беше неверојатно. Би рекол дека е повеќе од само однос менаџер/играч. Тоа е повеќе од тоа. Тој ми даде сè што сакав во фудбалот, научив толку многу. Тој имаше толку големо влијание и врз мојата кариера и мислам дека без него она што го постигнав, она што го постигнавме ние, немаше да биде можно.
- Мислам дека секој играч што играл под негово водство, особено во ерата на Манчестер Сити, веројатно ќе го каже истото – дека сите сме многу благодарни и се чувствуваме привилегирани што имавме можност да работиме со најдобрите, - порача Илкај кој даде 65 гола на 358 меча за составот од Манчестер.