[ФОТО] Производот којшто речиси сите сме го користеле заминува во историјата – по 71 година постоење повеќе нема да се произведува

Супермен

18/09/2025

11:07

944

Големина на фонт

а а а

Популарниот сапун „Fa“ којшто постоеше и на пазарот во Македонија, повеќе нема да се произведува, потврдиле од компанијата „Henkel“.

Значи, сапунот од брендот „Fa“ – заминува во историјата.

„Нашето портфолио го насочивме исклучиво кон производи со висок потенцијал за раст и маржа и затоа се збогувавме од сапунот“, соопштиле од „Hankel“ за „Bild“.


Не е познато кога точно ќе биде запрено производството на овој сапун. Според информациите на „Bild“, последните залихи се распродадени на почеток на 2025 година, а од тогаш сапунот повеќе не може да се пронајде на полиците во продавниците, како во Германија така и во другите земји.

„Hankel“ во летото 2022 година ја смени својата организациска структура: одделот за детергенти и лична хигиена се споени, а од август минатата година во продавниците се наоѓаат само „Fa“ гелови за туширање и дезодоранси.

Инаку, сапунот „Fa“ бил лансиран во 1954 година, а изворно го лансирала компанијата „Dreiring“ партнер на „Henkel“ како „фин сапун во нов стил“.


На прва делувал невпечатливо, но кон крајот на 60-тите години на минатиот век со појавата на движењето „Flower-power“ се претворил во симбол на „разиграните“ времиња кои одбележале една цела генерација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk