Манекенката Ешли Грејам е позната по своите раскошни облини, но еден период беше мета на негативни коментари бидејќи се откажа од плус-сајз изгледот, па на последната Мет Гала се појави нешто послаба.
Сепак, без разлика како изгледа, Ешли привлекува внимание каде и да се појави, па така беше и неодамна во Париз.
За почеток на балетската сезона, манекенката избрала елегантен црн фустан со многу смел шлиц и ефектна машна од страна која дополнително ги истакна нејзините облини.
Иако фустанот е без прерамки, Ешли не сакала да претерува со аксесоарите, па само се решила за висечки обетки кои биле едвај забележливи, а стајлингот го заокружила со црни салонки и препознатлива насмевка.
Низ годините Ешли храбро ја градела својата кариера и се залагала за жените во светот на манекенството, а фактот дека нејзиниот труд се исплатил го покажува и нејзиното појавување на ревијата на брендот „Викторијас Сикрет“.
Како и секогаш, таа е добредојдена на сите важни настани поврзани со модата, а со своето присуство секој пат воодушевува.