По 19 години – Крај: Се разведуваат Никол Кидман и Кит Урбан

Точка

30/09/2025

08:39

692

Големина на фонт

а а а

Никол Кидман и Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак, потврди „Page Six“.

„Понекогаш врските едноставно завршуваат“, изјавил извор за „Page Six“ во понеделник, додавајќи дека Кидман „не сакала раскинување и се обидувала да го спаси бракот“.

Актерката и кантри пејачот живеат одвоено веќе „од почетокот на летото“, изјавија повеќе извори за „ТМЗ“, кој прв ја објави веста.

Медиумите известуваат дека Кидман (58) се грижи за нивните две деца: Сенди Роуз (17) и Фејт Маргарет (14).


„Никол го држи семејството заедно во овој тежок период додека Кит е отсутен“, рекол изворот.

57-годишниот Урбан наводно го напуштил семејниот дом во Нешвил, Тенеси, и купил свој имот во истиот град.

Меѓутоа сè уште не е јасно дали поранешните сопружници планираат формален развод.


Урбан се најде на насловните страници во јуни откако ненадејно го прекинал интервјуто преку Зум кога еден новинар го прашал како се чувствува во врска со страсните љубовни сцени на Кидман со Зак Ефрон во филмот на Нетфликс од 2024 година, „Семејна афера“.

„Што мисли Кит Урбан кога ќе ја види својата преубава сопруга со згодни помлади мажи како Зак Ефрон во овие прекрасни љубовни сцени на телевизија? прашал тогаш новинарот, а Урбан молчел сè додека продуцентите не потврдија дека го прекинал разговорот.


Инаку Никол и Урбан се венчале на 25 јуни 2006 година, речиси една година по првата средба на гала настан во јануари 2005 година.

Кидман претходно беше во брак со Том Круз од 1990 до 2001 година. Таа и актерот од „Топ Ган“ имаат две деца: Бела (32) и Конор (30).

Никол отворено проговори за семејните тензии околу тоа што нејзините две најстари деца одат по стапките на татко им и се приклучиле кон Скиентолошката црква.


„Тие можат сами да донесуваат одлуки“ изјави таа за „Who 2018“ додавајќи: „Тие избрале да бидат саентолози, а како мајка, моја работа е да ги сакам“, додаде Кидман.

Претставниците на Кидман и Урбан не одговорија на барањето на „Page Six“ за коментар.