[ФОТО] Неочекуван „удар“: Свадбениот потег на Селена Гомез за кој не престанува да се зборува

Точка

30/09/2025

09:47

770

Големина на фонт

а а а

Пејачката Селена Гомез се омажи за својот свршеник Бени Бланко минатиот викенд на раскошна церемонија во приватен имот во Санта Барбара, Калифорнија.

На церемонијата присуствувале неколку познати личности, вклучувајќи ги популарните Тејлор Свифт и Парис Хилтон, но еден детаљ особено оставил силен впечаток и одредена загриженост кај обожавателите и семејството на пејачката.

Селена одлучила нејзината мајка Менди Тифи да не ја води до олтарот, но наместо тоа, таа чест ја имал нејзиниот дедо Дејвид Корнет, а некои медиуми и нивните извори велат дека оваа одлука длабоко ја повредила нејзината мајка.

Извор близок до семејството Гомез изјави дека Менди и нејзиниот сопруг Брајан се скршени од одлуката на Селена, а изворот тврди и дека пејачката ја донела оваа одлука за време на фазата на планирање на свадбата.


Од друга страна, мајката на пејачката не дала никакви индикации дека е тажна поради оваа одлука, напротив – се огласила на социјалните мрежи.

„Беше сон што стана реалност и исклучително емотивно да го гледам татко ми како ја води до олтарот“, напиша мајката на Селена, која им честиташе на младенците со зборовите: „Вечерта не можеше да биде поубава и посовршена! Апсолутно магична! Ја испраќам целата моја љубов до мојата прекрасна ќерка Селена и најдобриот зет Бени.“

Мајката на Селена ги ограничила коментарите на објавите, но некои обожаватели се прашуваа зошто нејзиниот татко, Рикардо Џоел Гомез, не ја водел до олтарот.


Селена и Бени се познаваат со години, а својата врска ја објавија во 2023 година. Една година подоцна, во 2024 се свршија, а сега ја официјализираа својата љубов на најубавиот начин – со венчавка.