Американскиот пејач Џастин Бибер (31) се најде на мета на потсмев откако на денот на венчавката на својата поранешна девојка Селена Гoмез (33) објави низа фотографии на Инстаграм.
Песната „I Do“ предизвикала лавина коментари
Бибер покрај фотографиите кои ги објавил ја поставил својата песна од 2025 година со наслов „I Do“, романтична балада посветена на неговиот брак со Хејли Бибер.
Многумина таа објава ја протолкувале како намерен одговор на веста за венчавката на Селена и Бени.
Во коментарите се нижеле шеги и критики, меѓу кои се истакнале: „Ја изгуби, преболи ја“, „Љубовта на твојот живот сега се венча“, „Бени: Да. Џастин: И јас исто така“...
Селена и Бени го изговорија судбоносното „да“
Да ве потсетиме, Селена и Бени се венчаа во саботата по две години врска. Среќната вест ја сподели Селена на својот Инстаграм профил, објавувајќи низа фотографии и кратки видеа од венчавката.
Церемонијата се одржала во Калифорнија, а младенците се смешкале, прегрнувале, се држеле за раце и уживале во среќните моменти.
Познати гости на гламурозната венчавка
Според извештаите на „TMZ“, на венчавката имало околу 170 гости, меѓу кои биле и бројни познати личности како Тејлор Свифт и нејзиниот вереник Тревис Келси, Парис Хилтон, Ешли Парк и многу други.