[ФОТО/[ВИДЕО] Полски планинар прв во светот се искачил и спуштил од Монт Еверест со скии и без дополнителен кислород

Супермен

30/09/2025

12:54

644

Големина на фонт

а а а

Полскиот скијач и авантурист, Анџеј Баргиел, влезе во историјата како првиот човек што се искачил и спуштил од Монт Еверест со скии без дополнителен кислород.

Инаку тоа бил трет обид на Андџеј да го освои Монт Еверест, највисоката планина на светот, висока 8.849 метри, откако опасните услови го принудиле 37-годишникот да се откаже од претходните обиди во 2019 и 2022 година, пренесе „Гардијан“.

„Самиот врв беше исцрпувачки и тежок. Никогаш во животот не сум поминал толку многу време на таква висина, што само по себе беше предизвик. Спуштањето со скии од Еверест без кислород беше сон што растеше во мене со години“, рече Баргиел.

Според податоците од хималајската база, повеќе од 6.000 луѓе се искачиле на оваа планина, но само околу 200 од нив без дополнителен кислород.

Неколку луѓе се спуштиле на скии, но никогаш не се спуштале континуирано без боца со кислород.


Во понеделник, на Баргиел му биле потребни речиси 16 часа за да ја премине „зоната на смртта“, област над 8.000 метри каде што нивоата на кислород се опасно ниски.

На врвот на планината, воздухот е толку редок што планинарите добиваат само една третина од кислородот достапен на ниво на морето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk