[ФОТО/ВИДЕО] Познатата манекенка „го допре“ дното па победи: Повратничкото издание го „зачини“ со тантела

Супермен

01/10/2025

08:46

861

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите британски манекенки, Кара Делевињ, беше вистинска ѕвезда на Модната недела во Париз.

Русокосата убавица се прошета по пистата за прв пат по две години, кога призна дека се бори со зависност од дрога и дека била на лекување. Неодамна изненади со промената на имиџот, но тоа не траеше долго.


Во Париз, таа ги воодушеви сите во црн, проѕирен фустан чијшто горен дел наликувал на корсет, со волуменозни детали на половината. Тантела украсена со цветни мотиви се протегаше низ целиот фустан.


Во првите редови на ревијата беше актерката Ева Лонгорија, која Кара ја покани да ѝ се придружи на пистата.


Сите обожаватели на некогаш најбараната манекенка се израдуваа бидејќи сега таа навистина изгледа одлично и се гледа дека минатото го оставила далеку зад себе.

„Никогаш не си изгледала подобро“, „Конечно се врати“, „Одлична си“, „Продолжи“, беа некои од коментари со поддршка на социјалните мрежи упатени до манекенката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk