[ВИДЕО] Куќа поевтина од скутер – Илон Маск влегува во светот на недвижнините: Сметки за струја повеќе нема да плаќате...

Супермен

07/10/2025

13:53

1.689

Големина на фонт

а а а

„Tesla“, компанијата која го редефинираше поимот автомобил и го забрза преминувањето на електрична мобилност, сега планира нова револуција – во светот на недвижнините.

Станува збор за „Tesla Tiny House“, концептуална мини-куќа на соларна енергија која треба да овозможи целосно енергетски независно живеење за цена пониска од просечен скутер, околу 8.000 долари (околу 6.800 евра).

На хартија, ова делува како почеток на една нова ера на одржливо живеење, но во пракса проектот отвора повеќе прашања отколку што дава одговори.

Без сметки за струја

Малата мобилна куќичка треба да ги обедини клучните технологии на „Tesla“: соларни панели, powerwall батерии и систем за управување со енергија по пат на апликација.

Проектот претставен како пример за идните генерации би можел да живее надвор од мрежата, без сметки за струја и зависност од централизирани системи.

Меѓутоа, како и кај многу визии на „Tesla“, разликата меѓу идејата и реализацијата може да биде огромна. Концептот на мини-куќички не е нов, но „Tesla“ го реинтерпретира. Наместо малите куќички да се гледаат како нужно решение за луѓето со ограничен буџет, „Tesla“ ги позиционира како производ којшто го комбинира луксузот, одржливоста и технолошката самостојност.

Внатрешноста е минималистичка, изградена од рециклирачки материјали и паметно дизајнирана да го искористи секој сантиметар од просторот. Во помалку од 20 метри квадратни сместени се дневната соба, кујната и просторот за спиење.

Лесен транспорт

Во време кога цените на квадратот растат, а енергетската независност станува важна, „Tesla Tiny House“ делува како одговор на современите предизвици.


Куќата лесно се транспортира, може да се постави било каде и овозможува живот целосно надвор од мрежата, што за многумина звучи како идеал на слободата.

Идејата на „Tesla“ влече потекло од демонстрирачкиот модел претставен во 2017 година во Австралија, чија цел било да се покаже интеграцијата на соларните панели, powerwall батериите и енергетската технологија на „Tesla“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk