Некогаш сензација, денес во проблеми: Солт Бае бележи милионски загуби

Супермен

08/10/2025

14:10

2.410

Големина на фонт

а а а

Ресторанот на Солт Бае, омилен меѓу инфлуенсерите, минатата година забележал загуба од 5,5 милиони фунти (околу 6,38 милиони евра), додека виралниот месар истовремено го намалува обемот на своето работење во САД, пренесе „Дејли мејл“.

Ексцентричниот Турчин, чие вистинско име е Нусрет Гокче, познат е по тоа што наплаќа илјадници фунти за бифтек кој го посипува со сол во својот препознатлив стил. Иако неговиот водечки ресторан во лондонскиот Најтсбриџ бил домаќин на ѕвезди како Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо, а приходите надминале 10 милиони фунти (околу 11,6 милиони евра), компанијата објави значителна загуба за 2024 година.


Загуба во Лондон, пропаст во Америка

Загубата е резултат на ревалоризација на средствата на компанијата во САД, што ја чинело околу 6 милиони фунти (6,96 милиони евра). Бидејќи американската подружница на Нуср-Ет е во целосна сопственост на британската компанија, отпишувањето на средствата директно влијаело врз финансиските извештаи.

На својот врв, брендот имал седум ресторани ширум САД. Сепак, Нуср-Ет сега има само два ресторани по затворањето на еден ресторан во Беверли Хилс претходно оваа година. Следувале затворања и во Далас, Лас Вегас, Бостон и Њујорк. Компанијата изјави за „RestaurantDive“ дека го префрлила својот фокус на „меѓународен раст“, со планирани отворања во Мексико Сити и Ибица.

Злато на чинија, лоши оценки од гостите

И покрај огромните загуби, компанијата сè уште има резерви од 2,3 милиони фунти (околу 2,67 милиони евра) – иако тоа е огромен пад од 8,1 милиони фунти (9,40 милиони евра) претходната година. Самиот Ѓокче, од друга страна, вреди најмалку 44 милиони фунти (околу 50 милиони евра).


Според веб-страницата на ресторанот, бифтекот „Giant Tomahawk“ чини 630 фунти (≈ 731 евра), рамстек чини 680 фунти (≈ 789 евра), а специјалното јапонско говедско вагју се наплаќа 99 пени по грам (≈ 1,15 евра по грам). Дури и прилозите како пире од компири чинат 12 фунти (≈ 13,90 евра), додека главниот десерт, баклава посипана со 24-каратно злато, чини 50 фунти (≈ 58 евра). Иако ресторанот е омилен меѓу познатите личности, истиот има поразителна оценка од само 2,9 од 5 на „TripAdvisor“.

Од вирална сензација до критики

Солт Бае, кој беше познат во прехранбената индустрија уште пред да стане глобална ѕвезда, стана вирална сензација откако видео од него како подготвува отомански бифтек било споделено на Инстаграм. Видеото, кое собрало над 17 милиони прегледи, го покажува како го посолува месото со рака во облик на „кобра“, со што ја добил титулата „најсекси месар на Инстаграм“. „Сите мои чувства доаѓаат од внатрешноста на месото“, изјави тој за „NBC“. „


Сепак, неговите постапки честопати биле мета на критики. Готвачот предизвика јавен бес откако се појави на теренот за време на финалето на Светското првенство во 2022 година, каде што го допирал трофејот, па дури и гризнал еден од медалите на победниците, поради што ФИФА покрена истрага. Тој подоцна изјави: „Не можам ништо да направам во врска причината зошто бев таму, но никогаш, ама баш никогаш повеќе не би стапнал на терен на Светското првенство“. Тој, исто така, бил критикуван затоа што понудил „бесрамен“ попуст од 30 отсто на студентите во неговиот ресторан во Бостон за бифтеци завиткани во злато, чија конечна цена сепак надминувала 1.000 долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk