Шведска важи за една од најуредените земји во светот, каде што жителите се задоволни од својот живот, а животниот стандард за наши услови е речиси недостижен. Не е ни чудо што многу луѓе од Балканот сонуваат за идиличен живот таму, сепак, се покажува дека не е баш сè толку совршено – барем не за многумина од нашиве краеви.
Еден Србин кој живее во Шведска, на својот профил на „X“ под името „11cyberpunk“, споделил низа практични и брутално искрени совети за сите што сакаат да се преселат во оваа земја, кои можеби ќе ги натераат да размислат уште еднаш. Советите не се толку поврзани со секојдневниот живот, колку што се со условите за вработување, што е секако еден од клучните фактори.
„Имам неколку совети за сите вас што сакате да се преселите во Шведска“, започнал тој, па ги набројал следниве 5 точки:
1. „Најдете што поскоро стан во втор наем, додека не добиете стан на ваше име.“
2. „Најдете работа во некоја шведска фирма, затоа што работа кај Балканци ќе ви се удри од глава и од грб. Буквално кај 95% од нив.“
3. „Кога ќе почнете да работите, плаќајте синдикат, затоа што тука синдикатот ќе ви помогне при проблеми со фирмата.“
4. “Обавезно плаќајте A-каса, затоа што ако ја изгубите работата, една година ќе добивате парична помош — мислам дека е 80% од платата на почеток, а потоа износот се намалува.“
5. „Тука е нормално да се прашува за плата и да се преговара околу неа, па имајте го тоа на ум. Никој нема да ви замери ако прашате сè што ве интересира“, напоменал тој, и додал уште неколку предупредувања.
„Не верувајте никому ништо — сè што ве интересира веќе постои на интернет, па читајте сами. Некои наши луѓе ќе ви кажат дека газдите не ве сакаат ако сте во синдикат, ако плаќате 'факет'. Никој не знае дека сте во синдикат, освен ако самите не кажете — затоа на таа тема молчете“, советува тој, но нагласува дека „тоа е ваше право“ во секој случај.
Imam nekoliko saveta za sve vas koji želite da se preselite u Švedsku:
— Cʏʙᴇʀ Pᴜɴᴋ (@11cyberpunk) September 27, 2025
1. Nadjite što pre stan u drugu ruku dok ne dobijete stan na vaše ime
2. Nadjite posao u nekoj Švedskoj firmi jer rad kod balkanaca će vam se obiti o glavu i ledja. Bukvalno kod 95% njih
3. Kad počnete da…
„Јас сум во синдикат за транспорт. Од нив добивам помош ако сопственикот на фирмата почне да го крши колективниот договор или што било друго поврзано со работата. Сите сме платени по саат и ќе бидеме исто платени — и тие што се преработуваат, и тие што работат нормално — затоа што според колективниот договор, сите сме еднакво платени. Здравјето и работата се најважни, тие се поврзани. Мислете само на себе, затоа што никој друг нема да мисли на вас, освен вашите најблиски. Ние сме потрошна роба за сопствениците на фирмите, лесно сме заменливи“, напишал тој.
Неговите совети привлекоа доста внимание, особено делот каде што советува да се избегнуваат луѓе од Балканот.
„Швеѓаните често поставуваат наши луѓе за шефови затоа што Балканците се трудат и кога не треба — со други зборови, вредни сме и ја завршуваме работата. Нормално, има и такви што не се такви, но се малку. А нашиве луѓе што отвориле фирми овде, ги израбуваат работниците исто како што нив ги израбувале некои приватници по Србија“, напишал тој како одговор на еден од коментарите.