[ФОТО] Марина Абрамовиќ го „одзема“ здивот во уникатниот фустан, но најголемо внимание привлече нејзиното 21 година помладо момче: „Изгледа како дедо покрај неа“

Точка

12/10/2025

13:00

2.826

Големина на фонт

а а а

Ексцентричната Марина Абрамовиќ секогаш привлекува внимание, имено, таа присуствувала на отворањето на уметничката галерија „Saatchi Yates“ во Лондон, каде што се појавила во друштво на своето 21 година помладо момче.

Иконата на перформанс – уметноста блесна во креацијата на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ, со што уште еднаш ја покажа својата препознатлива комбинација од уметност, стил и индивидуалност.

Посебно внимание предизвика фактот што самата креаторка Илинчиќ сподели фотографија од Марина на својот Инстаграм профил, гордо истакнувајќи го нејзиниот моден избор за свечената пригода.

Свилен фустан-кошула со впечатлива јака и бои што се прелеваат дојде до израз под долгиот црн капут што се влечел по земја.

Елегантните црни чевли и чанта, како и дискретната шминка и фризура, совршено се вклопиле во навидум едноставната комбинација.


Меѓутоа, она што им го привлече вниманието на многумина беше нејзиното 21 година помладо момче – Тод Екерт, кој носел во гломазно сако и бела кошула, кои ги искомбинирал со шалвари и чизми.

Иако разликата во годините е факт, многумина се согласија дека Тод изгледа како врсник на Марина, а можеби и малку постар од неа.

Потсетуваме избраникот на познатата уметница е вклучен во нејзината работа како продуцент, а таа зад себе има два брака, кои траеле четири години. Во 1970-тите, таа се омажила за српскиот концептуален уметник Неша Париповиќ, а во 2005 година му рекла „да“ на Италијанецот Паоло Каневари, кој беше 17 години помлад од неа.


Во интервју за „Гардијан“, Марина еднаш проговорила за нејзината врска со Тод Екерт.

„Сексот ми е многу важен. Отсекогаш бил. Многумина мислат дека жените се откажуваат од идејата за секс по менопаузата. За мене, сексот стана уште подобар по менопаузата затоа што не се грижам за бременоста. Имам дечко кој е 21 година помлад од мене. Одлично е! Немам проблем со тоа да бидам многу сексуално активна. Тоа ме прави среќна. Сексот го гледам како неопходна рамнотежа, исто како добрата храна, хуморот и среќата, раскажала уметницата, која никогаш не сакала да има деца.