Потегот на Роби Вилијамс во емисијата каде гостувал заедно со Џулија Робертс ги налути гледачите.
Роби Вилијамс предизвика бура на социјалните мрежи по неговото појавување во популарната ток-шоу емисија „The Graham Norton Show“.
Пејачот бил музички гостин во епизодата емитувана во петокот навечер, каде што ја изведе својата најнова песна „Pretty Face“, пред да им се придружи на другите ѕвезди на познатиот црвен кауч – Џулија Робертс, Колин Фарел, Глорија Естефан и Бенедикт Камбербач.
Откако се смести покрај Џулија Робертс, 51-годишниот Вилијамс откри дека го гледал нејзиниот култен филм „Pretty Woman“ дури „шест пати по ред“ и се пошегувал дека еден ден ќе „однесе проститутка на шопинг“, алудирајќи на ликот што таа го толкува во романтичната комедија.
Сепак, не е изјавата она што ја налути публиката, туку потегот што следувал.
Местото на каучот предизвика лавина коментари
Она што ја издвојува емисијата на Греам Нортон од другите ток-шоуа е тоа што сите гости седат заедно на ист кауч, а најголемата ѕвезда на вечерта наводно седи најблиску до водителот. Иако нема официјално правило, минатонеделната епизода со Тејлор Свифт и Килијан Марфи го потврди ова непишано правило.
Поради тоа, многумина беа изненадени кога Вилијамс, наместо да седне на крајот од каучот, ги натера останатите гости да се поместат за да заземе едно од главните места.
You can always trust Robbie to liven up Graham Norton. pic.twitter.com/eqiOOoSNLJ
— lucy ♡ (@ALcveSupreme) October 10, 2025
Реакциите на социјалните мрежи беа брзи:
„Дали Роби буквално седна на предниот дел од каучот и ја натера Џулија Робертс да се помести?“, прашал еден гледач на „X“. „А потоа го турна својот задник на каучот до Џулија Робертс како да е тој главната ѕвезда“, додал друг. „Зошто Роби седна на тој крај од каучот, а НЕ на самиот крај? Имај малку почит“, гласел трет коментар.
Публиката поделена околу реакциите
Сепак, не сите се огорчени од потегот на Вилијамс. Некои гледачи забележале дека тој всушност придонел за забавата:
„Многу малку знам за Роби Вилијамс, но тој дефинитивно е врвен изведувач“, напишал еден корисник,а друг додал: „Зошто на сите на тој кауч со Греам Нортон им е толку непријатно? Роби Вилијамс требаше да биде гостин, не само да ја изведе песната“.