[ВИДЕО/ФОТО] Слаткар се расплака пеејќи ја автобиографската „Да полетам“ со Калиопи и Тони Зен: Лавина емоции на спектакуларниот концерт во Скопје

Точка

13/10/2025

10:46

1.622

Големина на фонт

а а а

Завчера во арената „Борис Трајковски“ се одржа големиот концерт на Слаткаристика и Тони Зен, кој предизвика лавина емоции и громогласни аплаузи.

Публиката во еден глас ги пееше песните кои и по речиси две децении уште се слушаат, што е воедно доказ зошто овие двајца артисти сè уште се на врвот на домашната рап-сцена.


На концертот им се придружија и 2Бона, Некст Тајм и Калиопи која ја отпеа една од најемотивните песни на Слаткар, „Да полетам“. „Да полетам“ е песна со која пораснаа низа генерации, а за која многумина велат дека е повеќе од само неколку стихови бидејќи истата е напишана за тешката состојба во која се наоѓало семејството на Слаткар.

На крајот од настапот, Калиопи и славниот рапер се прегрнаа пеејќи, на што им се придружи и Тони Зен, па тројцата музичари останаа во долга прегратка што ја трогна публиката.


Раперите не ги заборавија ниту повредените, ниту жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Цела сала со вклучени светилки на телефоните направија ѕвездено небо во нивна чест.


Тони Зен неколкупати повтори дека овој концерт го посветува на неговото семејство кое беше на трибините, додека Слаткаристика рече дека настапува со посебна возбуда бидејќи првпат во публиката е неговиот син Моша.