[ФОТО] Повеќе не сакаат да ја кријат својата романса: Славната пејачка и политичарот фатени како разменуваат нежности на јахта

Супермен

13/10/2025

08:20

3.095

Големина на фонт

а а а

Пејачката Кејти Пери пред три месеци ставила точка на својата врска со холивудскиот актер Орландо Блум и очигледно е дека продолжува понатаму со животот.

Пејачката пред три месеци се раздели од својот невенчан сопруг, Орландо Блум со којшто има ќерка.

А, од тогаш кружат гласините за нејзината врска со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.

Тие двајца во јули биле видени на интимна вечера во ресторан во Монтреал, но и двајцата одбивале да го коментираат нивниот однос.

По месеци шпекулации, парот бил фотографиран во прегратки и бакнежи на луксузна јахта во близина на Санта Барбара во Калифорнија.

На фотографиите се гледа како уживаат во заедничките моменти и не се трудат ни малку да ја скријат својата романса и разменувањето нежности.

„Ги забележав на јахтата како разменуваат нежности, но не сфатив веднаш со кого е пејачката, додека не ја видов тетоважата на раката на мажот и препознав дека станува збор за Џастин Трудо“, рекол изворот.


Да ве потсетиме, Кејти Пери и Орландо Блум биле девет години заедно и ја имаат ќерката Дејзи.

Од друга страна, политичарот Џастин Трудо во 2023 година се развел од сопругата Софи со која 18 години бил во брак и со која има три деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk