Швајцарскиот милијардер Алфред Гантнер: Ако не се преземе ништо, ќе бидам уште побогат

Супермен

02/12/2025

10:05

737

Големина на фонт

а а а

Бројот на луѓе во Швајцарија со имот вреден повеќе од 50 милиони франци во последните 20 години се зголеми од 760 на 2500, што е трипати повеќе.

Жителите на оваа земја вчера на референдум го одбија предлогот за зголемување на данокот на наследено богатство. Јусос, огранокот на младите од Социјалдемократската партија, го предложи зголемувањето на овој данок, сметајќи дека на тој начин ќе се придонесе кон намалување на концентрацијата на богатството. Но, левичарите не се единствени кои сметаат дека ова е проблем. Поединци од редовите на богатите исто така се согласуваат со тоа.


Меѓу нив е и милијардерот, косопственик на инвестициската компанија „Partners Group“, Алфред Гантнер. Тој нагласи дека концентрацијата на богатство не е проблем само во Швајцарија, туку ширум светот. Иако е против зголемување на данокот на наследено богатство, бидејќи смета дека на тој начин не може да се постигне посакуваниот ефект, не е задоволен од енормната концентрација на богатството.

„Не може неколкумина во оваа земја да имаат огромно богатство, додека други луѓе не знаат како ќе ги платат премиите за здравствено осигурување и киријата. Ако општеството ништо не преземе по ова прашање, Илoн Маск, Марк Закерберг и Фреди (неговиот прекар) Гантнер во следните 20 години ќе имаат уште повеќе пари“, укажа тој.


За Гантнер, проблемот е во тоа што сè повеќе вредност во компаниите не ја создаваат самите работници. Тој очекува овој тренд да се интензивира со вештачката интелигенција. Според неговите зборови, веќе постојат мрачни фабрики во кои речиси и да нема луѓе. Ги повика властите на воспоставување нов даночен систем кој ќе реагира на ваквата состојба, пишува швајцарскиот весник „Tages-Anzeiger“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk