Иако поминаа речиси 10 години откако Марко Јариќ и Адријана Лима официјално се разведоа, Србија сè уште не му ја „прости“ разделбата со прекрасната Бразилка, ангел на Викторија Сикрет и најсаканата „српска снаа“.
Се зборуваше и за наводно неверство од страна на српскиот кошаркар, но тие претпоставки никогаш не беа потврдени. Сепак, една година пред да биде завршена бракоразводната парница, папараците го уловија Јариќ во страсен занес со убава русокоса девојка – која наскоро ќе се покаже дека е Србинка.

Додека траеше разводот од бразилската манекенка Адријана Лима, кој прилично ја „разниша“ и домашната и странската јавност, кошаркарот брзо дојде во фокусот на медиумите кога се појавија информации дека е во емотивен однос со српската манекенка Душица Савиќ. Иако се зборуваше дека станува збор за сериозна врска, приказната траеше кратко, оставајќи повеќе прашања отколку одговори.
Шпекулациите за нивниот однос започнаа во 2015 година, кога медиумите објавија фотографии на кои Јариќ и Савиќ се заедно во Мајами. Душица, манекенка од Смедерево, го привлече вниманието бидејќи таблоидите ја претставуваа како „новата девојка на Марко Јариќ“, а некои извори тврдеа дека парот интензивно се дружи и поминува време заедно – па дури и дека заедно го посетиле нејзиниот роден град за да го запознае со родителите.


Според тогашните тврдења на извори блиски до манекенката, нивното запознавање било спонтано, а дружењето брзо го привлече интересот на јавноста бидејќи Јариќ во тој период минуваше низ развод кој беше под будното око на светските медиуми.
Паралелно со тоа, се појавија и спротивни информации – дека кошаркарот не сака дополнително медиумско внимание и дека го прекинал контактот токму поради преголемиот интерес. Блиска пријателка на Душица изјавила за српските медиуми дека постои „меѓусебна привлечност, но дека не се официјално во врска“, што дополнително внело конфузија околу статусот на нивниот однос.

Сепак, фотографиите од плажа говореа повеќе од било кое недокажано мислење.
Само неколку недели подоцна беа објавени вести дека Јариќ наводно го прекинал контактот со манекенката сакајќи да ја избегне таблоидизацијата на приватниот живот. Потоа, ниту тој ниту таа не го коментираа нивниот однос, а приказната брзо исчезна од јавноста.
Иако во еден момент беа најинтересниот „нов пар на сцената“, изгледа дека врската била краткотрајна и дека двајцата решилe да се повлечат и да продолжат со животите далеку од рефлекторите.

Марко Јариќ подоцна беше поврзуван со различни убавици, а што се однесува до разводот со Лима, тој само еднаш јавно проговори за тоа. Тоа беше пред десетина години во емисијата „Veče sa Ivanom Ivanovićem“, каде што ја изложи својата верзија и на тој начин се обиде да стави крај на медиумските шпекулации.
„Како поминувам низ сето ова? Знаеш што – веќе отрпнав. Толку години тука се провлекуваат наслови... Не ме допираат толку, но кога станува збор за семејството, тоа е посебно прашање. Решивме да се разделиме. Долго разговаравме и дојдовме во фаза на брак кога карактерите нѝ се судираат, не функционираме како што треба, се создава негативна енергија и тоа е лошо за нашите ќерки. Решивме да се разделиме – дали ќе биде пауза или засекогаш, уште не знаеме“, изјави тогаш Јариќ.

Потоа додаде:
„И двајцата треба да поработиме на себе и ќе видиме. Нема никаков скандал. Решивме секој ден да поминуваме време со децата. Не мора заедно, можеме и одвоено... Нема скандал, а кога ќе дојдам во Србија, сите имаат „сигурни информации“. Нашите списанија имаат верзии на англиски, па во Америка почнаа да преземаат од нас. Разберете, јас сум заштитнички настроен кон семејството, пред сè кон ќерките, а кон Адријана имам голема почит. Така ќе биде засекогаш!“, рече тогаш Јариќ.
Инаку, парот се венчаше на Денот на вљубените 2009 година, а официјално се разведоа во март 2016 година, иако не беа заедно уште од 2014.

Во бракот ги добија двете ќерки – Валентина (2009) и Сиена (2012), која денес многу наликува на татко ѝ.
Што се однесува до актуелниот приватен живот, Јариќ вешто го крие од јавноста, додека за Лима е познато дека доби уште едно дете – синот Сајан со продуцентот Андре Лемерс.