„Нетфликс“ го купува „Ворнер Брос. Дискавери“ за 83 милијарди долари: Ја презема контролата над „HBO Max“ „Хари Потер“, „Бетмен“…

Точка

05/12/2025

18:32

679

Големина на фонт

а а а

„Нетфликс“ се согласи да го купи студиото „Ворнер Брос. Дискавери“ и сите стриминг услуги во договор вреден 83 милијарди долари, јавува „Гардијан“.

Со тоа, најпопуларната стриминг-платформа станува нов сопственик на студиото што стои зад „Хари Потер“ и „Бетмен“, како и на ХБО — дом на серии како „Белиот лотос“ и „Игра на тронови“.

Во купопродажбата што ќе ја промени филмската и телевизиската индустрија во Холивуд, Нетфликс добива контрола над богат каталог на ТВ-соодржини — вклучувајќи класични серии како „Пријатели“ и „Бубалици“ (The Big Bang Theory).

Во соопштението на ко-извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос, изјави: „Нашата мисија отсекогаш била да го забавуваме светот. Заедно, можеме да ѝ понудиме на публиката уште повеќе од она што го сака и да помогнеме да се обликува следниот век на раскажување приказни.“

Договорот — кој ја проценува вредноста на Ворнер Брос. Дискавери на 72 милијарди долари (без пресметан долг) — ќе стапи на сила откако студиото ќе ги издвои своите кабловски канали (како „Си-ен-ен“, „Ти-би-ес“ и „Ти-ен-ти“).


Ова се очекува да се реализира во третото тромесечје од следната година.

Според Нетфликс, компанијата очекува да постигне годишни заштеди од најмалку 2–3 милијарди долари до третата година по финализирањето на преземањето.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека договорот може да создаде загриженост во однос на конкуренцијата, бидејќи ќе значи обединување на двата најголеми стриминг-сервиси во САД.

„Ворнер Брос. Дискавери“ веќе ги има закажано своите биоскопски премиери до крајот на 2029 година, што значи дека секој идeн сопственик ќе мора да ги почитува тие обврски додека не истечат.

Како што изјави главниот извршен директор на Ворнер, Дејвид Заслав, „Веќе повеќе од еден век Ворнер Брос ја воодушевува публиката. Со здружувањето со Нетфликс ќе обезбедиме луѓето насекаде низ светот и понатаму да уживаат во најмоќните приказни — и тоа со генерации.“

„Меѓутоа, значајни загрижености сè уште постојат во индустријата и меѓу државните службеници. Доколку ексклузивните преговори со Нетфликс доведат до предлог за продажба, регулаторниот процес би бил долг и тежок и на крајот би можел да ја блокира продажбата без јасни гаранции од страна на студијата“, вели Алисија Рис, аналитичарка за медиуми и забавна индустрија во компанијата „Wedbush“.

Порано оваа недела, Џејмс Камерон, режисерот на „Титаник“, „Терминатор“ и серијалот „Аватар“, предупреди дека продажбата на Нетфликс би предизвикала „катастрофална загуба на долгорочна вредност“ за индустријата за забава.

Парамаунт, кој го управува Дејвид Елисон, а го финансира неговиот милијардер татко и основач на „Oracle“, Лари, долго време важеше за фаворит.

Парамаунт, кој поседува канали како британскиот „Channel 5“, исто така понуди отштета за откажување од пет милијарди долари доколку договорот биде постигнат, но не добие регулаторна дозвола.


Порано оваа недела Парамаунт во писмо до „Warner Bros“ тврдел дека неговата понуда има најголеми шанси да добие регулаторно одобрување.

Парамаунт го обвини „Warner Bros“ дека води неправеден аукциски процес кој фаворизира Нетфликс.

Во писмо од адвокати за парнични постапки, компанијата го нарече процесот „загаден“ поради конфликт на интереси во „WBD“, вклучувајќи и тоа дека некои раководители бараат позиции по заклучувањето на договорот.

Писмото упатено до Заслав наведува дека компанијата не следи „ниту привид, ниту реалност на фер процес на трансакцијата“, нарекувајќи го „кратковидо… со однапред одреден исход кој оди во корист на еден понудувач“.

Парамаунт, кој ја започна потрагата по „WBD“ месеци откако го купи Еллисоновата „Skydance“ во договор вреден 8,4 милијарди долари со инвестициски партнер „RedBird Capital“, сака да ја купи целата компанија, вклучувајќи ги и кабловските мрежи како „CNN“.

Наводно, Доналд Трамп би сакал Парамаунт да победи, бидејќи му се допаѓа идејата Еллисоните да контролираат „CNN“ и „CBS“.


По завршувањето на преземањето, Парамаунт „Skydance“ го постави Трамповиот сојузник како омбудсман во „CBS News“ и ја купи „анти-воук“ стартап компанијата „The Free Press“, подоцна назначувајќи ја нејзината основачка, Бари Вајс, за главна уредничка на американската информативна мрежа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk