Директор на компанија која вреди 30 милијарди ја открил формулата за вработување: „Повеќе не ви е потребна диплома, барам само 3 особини“

Супермен

13/10/2025

12:11

3.888

Големина на фонт

а а а

Во ерата на вештачката интелигенција каде пазарот на работа се менува побрзо од кога и да е, директорот на компанијата „Scale AI“, Џејсон Дроег, смета дека дипломите повеќе не се најважни.

Наместо тоа, во секој разговор за работа тој бара само три клучни особини.

„Не можам да бидам експерт за сите области, па самиот процес на вработување го сведов на три едноставни критериуми“, рекол Дроег во поткастот „Lenny’s“.


Како прва особина ја навел љубопитноста и способноста за решавање проблеми.

„Барам љубопитни луѓе кои умеат јасно да го објаснат својот начин на размислување“, објаснил тој.

Втората особина е скромната соработка, односно способност кандидатот да придонесе во тимот без суета.

„Кога го градев менаџмент тимот за „Uber Eats“, се трудев тоа да го набљудувам како организам во којшто силата напредува, а конфликтите се намалуваат“, рекол Дроег.

Третата особина која смета дека е клучна е лидерството, но не низ авторитет туку низ инспирација и приспособливост.

„Доколку ги имате овие три особини имате голема шанса да успеете во секоја организација. Светот брзо се менува, затоа приспособливоста и отвореноста се поважни од искуството“, додал тој.

Искуството повеќе не е пресудно

Дроег смета дека во досегашниот пазар на работа, особено со издигнувањето на вештачката интелигенција, искуството повеќе не може да се набљудува како главен критериум.

„За некои експертски улоги тоа е неопходно, но во поголем дел од случаите поважни се љубопитноста и подготвеноста за учење“, истакнал тој.


Сличен став делат и други лидери од технолошкиот свет. Алберт Ченг, поранешен директор на производство во компаниите „Duolingo“ и „Grammary“, изјавил дека најуспешните работници често не се оние со најдолг работен стаж туку оние кои имаат енергија, брзина и посветеност.

Слично размислува и Рајан Рослански, директор на „Linkedln“ којшто смета дека иднината ќе им припадне на луѓето кои се подготвени да учат и да користат нови алатки, а не на оние со најскапи дипломи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk