Доколку трпеливо чекавте метежот да стивне и цените да почнат да се намалуваат по летниот туристички бран во Европа, ќе се израдувате на веста дека постои скриена скапоценост која нуди топли температури и поволни цени во текот на есента.
Според новото истражување кое го објавил „Post Office Travel Money“, најевтината дестинација во Европа во овој есенски период е Мармарис во Турција.
Овој опуштен приморски град на крајбрежјето на Егејското море познат по сликовитиот стар дел од градот, поплочени улици, пријатна медитеранска клима и мирна атмосфера едноставно освојува.
Сместен на јужното крајбрежје од земјата, каде Егејското море се сретнува со источниот Медитеран, Мармарис е пристаништен град со средна големина, опкружен со борови шуми и отворено море.
Познат е по своето прекрасно шеталиште покрај морето кое се протега со километри и има неверојатни плажи и тиркизна вода, модерни зони за летување и живописен ноќен живот. Тој е доволно возбудлив за да поминете еден викенд таму зошто секогаш имате каде да излезете, но е далеку помирен од бурните вечери во Бодрум.
Според ранг-листата на пристапност која ја објавил „Post Office“, Мармарис го престигнал и Сончев Брег во Бугарија дури и Алгарве во Португалија кои често се опишуваат како најповолни дестинации во западна Европа.
Истражувањето покажало дека просечната цена за шолја кафе во Мармарис изнесува околу 2 евра, шише вода од 1,5 литри 0,22 евра, додека пак тричлено семејство може да руча за околу 80 евра.
Според податоците на страницата „Numbeo“, оброк за едно лице во поевтин ресторан во центарот на градот чини околу 80 евра, а кригла локално пиво е околу 3,60 евра.