Ал Пачино ѝ ги упатил овие зборови пред смртта на неговата несудена Дајан Китон: Сега горко се кае!

Точка

13/10/2025

16:31

608

Големина на фонт

а а а

По веста за смртта на холивудската актерка Дајан Китон, која почина на 79-годишна возраст, јавноста е трогната од зборовите на нејзиниот поранешен партнер, легендарниот Ал Пачино. Според пишувањата на „Daily Mail“, 85-годишниот актер признал дека никогаш не ја преболел Китон, со која имал бурна, но страсна врска што траела речиси две децении.

Нивната љубов започнала во 1974 година, за време на снимањето на култниот филм „Кум“, каде Китон ја толкуваше неговата партнерка Кеј Адамс. Љубовта од филмското платно брзо се пренела и во реалноста.

Врската траела, со прекини, до 1990 година, кога Китон му поставила ултиматум – брак или крај. Кога одбил да се обврзе, се разделиле засекогаш.


Близок пријател на славниот актер открил дека Ал сега чувствува длабоко жалење:

„Знам дека ќе жали засекогаш што не го направи тој чекор кога имаше шанса. Години наназад велеше: ‘Ако е судено, никогаш не е доцна за нов почеток’. За жал, сега е“.

Иако живееле на неколку улици еден од друг во Беверли Хилс, по раскинувањето никогаш повеќе не разговарале.

„Кога го прашав зошто, ми рече: ‘Нема потреба. Сè што требаше да си кажеме – си кажавме тогаш’“.


Смртта на актерката длабоко го потресе и Вуди Ален, нејзиниот поранешен партнер и долгогодишен соработник, кој, според пишувањата на странските медиуми, „потполно е скршен“.

Китон, во интервју за „Sunday Times“ во 2017 година, открила дека никогаш не сакала формална свршувачка, но се надевала дека бракот со Пачино ќе дојде природно.

„Мислев: не мора ни да ме запроси – само нека се случи. Но, тоа никогаш не се случи. Можеби и беше подобро така. За него, тоа ќе беше мачење“, изјавила тогаш.

Таа додала дека биле премногу „ексцентрични и тврдоглави“ за заеднички живот:

„Му требаше жена што ќе се грижи за него, а јас сакав маж што ќе се грижи за мене. Беше важно да се пуштиме еден со друг и да си кажеме збогум. Но, тоа не беше моја одлука“.


Во разговор за „People“ истата година, Китон открила колку била вљубена во него:

„Луда бев по него! Беше шармантен, духовит, постојано зборуваше... Ја имаше таа енергија на изгубено момче – генијален и малку луд. И, секако, прекрасен“.

Дајан Китон никогаш не се омажи, но во своите педесетти години посвои две деца – ќерката Декстер (29) и синот Дјук (25).

Ал Пачино, исто така, никогаш не бил во брак. Тој има четири деца – Џули Мари (35), близнаците Антон и Оливија (24) и најмладиот син Роман (2).


Последен пат биле заедно видени во 2017 година, кога Пачино држел говор во чест на Китон при доделувањето на AFI наградата за животно дело. Тогаш ѝ рекол:

„Ти си уметник, Ди. Голем уметник. Те сакам засекогаш“.

Сега, по нејзината смрт, тие зборови добиваат особено емотивно значење – како проштална порака од човек што можеби предоцна сфатил дека еднаш во животот љубел вистински и длабоко.