[ФОТО] Ниту 34 години помладата убавица не успеала да го насмее: Познатиот шармер сакал што побрзо да „избега“

Супермен

13/10/2025

16:00

462

Големина на фонт

а а а

Познатиот актер Шон Пен (65) заедно со својата девојка Валерија Ников (31) присуствувал на 17-тиот Филмски фестивал во Лион.

Познато е дека актерот ретко се одвојува од својата девојка, но судејќи според изразот на неговото лице во Франција, не делувал особено среќен.


За таа пригода, Шон избрал класичен црн костум кој го искомбинирал со маичка за да додаде малку лежерен изглед. Додека Валерија се прошетала во ефектен тегет комбинезон со длабоко деколте и пуф ракави.


И покрај разликата во годините, парот ужива во љубовта и не обрнуваат внимание на коментарите.


Инаку пред Валерија, Пен 14 месеци бил во брак со Лејла Џорџ, која била негова трета сопруга. После тоа, тој истакна дека никогаш повеќе нема да биде во врска во која не чувствува слобода.


„Сингл сум. Ако некогаш повторно бидам во врска, сепак ќе побарам да бидам слободен или воопшто нема да бидам во неа. И не сакам да бидам повреден“, рече тој тогаш, а по неколку месеци се појави со Валерија и се чини дека таа ги исполнува неговите желби.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk