Барселона одбила неверојатни 400 милиони евра за Јамал: „Проектиран е како симбол на клубот“

Точка

14/10/2025

13:02

465

Големина на фонт

а а а

Клубот од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, понудил 400 милиони евра за ангажман на Ламин Јамал (18), но Барселона одбила да ја продаде младата суперѕвезда, објави шпанскиот портал „Fichajes“.

Барселона со тоа ја добила — и одбила — највисоката понуда во историјата на фудбалот, поради тоа што, како што се наведува, Јамал е проектиран да биде симбол на клубот за следните, минимум 10 години.

Јамал оваа пролет потпиша договор до 2031 година, со фиксна годишна плата од околу 10 милиони евра и бонус при потпишување договор од 25 милиони, распределен во текот на шест години.

Шпанските медиуми додаваат дека понудата на Ал-Хилал доаѓа во незгоден момент за Барселона, која во репрезентативната пауза влезе по два последователни порази — од ПСЖ во Лигата на шампионите и од Севиља во Ла Лига.


Тренерот Ханси Флик наводно ги критикувал играчите поради недостаток на труд на тренинзите и натпреварите, додека одредени фудбалери — меѓу кои и Јамал — изразиле незадоволство од слабата комуникација.

Јамал моментално се бори со воспаление на препоните, кое го исфрли од кадар за последниот натпревар во Ла Лига, како и од репрезентацијата на Шпанија, која ги игра квалификациите против Грузија и Бугарија.

Настапот на Јамал во саботното каталонско дерби против Жирона е под знак прашалник, исто како и неговото учество на Ел Класико, закажано за 26 октомври.