[ВИДЕО] По жешките сцени на јахта, се огласи поранешната сопруга на премиерот

Точка

14/10/2025

17:38

1.172

Големина на фонт

а а а

Откако фотографиите од поранешниот канадски премиер и поп-пејачката го обиколија светот, се огласи неговата поранешна сопруга на Инстаграм.

Да потсетиме, фотографиите од поранешниот премиер Џастин Трудо и поп-пејачката Кејти Пери на кои се бакнуваат на јахта вчера го обиколија светот. Сите светски медиуми известија за овој (не)промислен потег на новиот пар, а некои го оквалификуваа нивниот излив на нежности како скандал.

По тие настани, поранешната сопруга на Трудо, Софи Грегоар, објави интересна порака за љубовта на Инстаграм.

„Понекогаш забораваме дека ништо што го сакаме не е наменето да остане засекогаш со нас. Луѓе, места, дури и моменти кои некогаш делувале бесконечно, нели? Времето од нас бара да не ги задржуваме, но ние сепак го правиме тоа. Јас го правам тоа затоа што ‘задржувањето’ за мене е посигурно од ‘пуштањето’“, започна таа во видеото што го сподели на социјалните мрежи.


„Но, љубовта никогаш не била прашање на поседување, секогаш се работело за присуство. За сегашниот момент – и кога ќе го пуштиме она што не можеме да го задржиме, создаваме простор за вистинска поврзаност, интимност, сеќавања, за поука. Една единствена насмевка може да одекнува низ цел живот, а тагата исто така живее таму. Го изгубив татко ми во изминатата година и чувствувам дека со тагата доаѓа и милоста“, раскажала понатаму, а потоа заклучила:


„Значи, можеби најдлабоката лекција за љубовта е оваа: да стоиш со отворено срце пред минливоста. Да му оддадеш почит на она што било и да веруваш дека пуштањето е исто така облик на задржување – во нас, таму каде што ниедна загуба не може да го избрише тоа“.

Да потсетиме, Софи и Џастин беа во брак 18 години и имаат три деца – синовите Ксавиер и Адриен и ќерката Ела-Грејс. Парот се разведе во 2023 година, а Трудо, како што изгледа, продолжил понатаму со славната пејачка.