Кога времето е врнежливо и ладно во автомобилот задолжително треба да ставите сода бикарбона – ќе ви помогне многу есенва и зимава

Супермен

15/10/2025

13:00

1.231

Големина на фонт

а а а

Сода бикарбоната може да помогне во отстранување на непријатниот мирис од автомобилот особено во текот на есента и зимата кога поради влагата, поточно мокрите чадори, влажните чевли и патики во возилото се создава непријатен мирис.

Сода бикарбоната ги апсорбира непријатните мириси и влагата, што може да биде од голема помош пред ладните зимски месеци.

Содата го неутрализира мирисот така што реагира со киселите молекули и ги задржува честичките кои ги создаваат. Апсорпцијата на влага особено е важна кога температурите ќе почнат да се намалуваат затоа овој трик може да спречи развој на мувла и бактерии во возилото.


„За преку ноќ да ги отстраните упорните мириси од автомобилот, ставете отворен сад со сода бикарбона во којшто сте додале неколку капки етерично масло, како лимон или ванила под седиштето од автомобилот. Содата ќе ги впие несаканите мириси и влага, додека пак етеричното масло ќе се шири како пријатен и долготраен мирис, па автомобилот ќе мириса како нов“.

Европски АА (автомобилски сојуз) претходно препорачал употреба на сода бикарбона при чистење автомобили.

Во нивниот совет се наведува:

„Ако седиштето и натаму има непријатен мирис откако ќе се исуши, ставете малку сода бикарбона над дамките и оставете да отстои еден час. Потоа исчистете“.

Од организацијата додаваат дека сода бикарбоната е клучна состојка за правење персонализирани освежувачи на воздух. Според нивниот совет, доволно е да наполните мала стаклена тегла со сода бикарбона и да додадете околу пет капки етерично масло.


Сепак, содата не е единствениот трик за отстранување непријатни мириси. Се препорачува возачите редовно да го проветруваат автомобилот, доволно е да ги оставите прозорците отворени околу 15-на минути.

Доколку непријатните мириси и натаму траат, тоа може да укажува на поголем проблем, тогаш е потребно да се исчистат вентилациските отвори во автомобилот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk