Најпродавани автомобили во Германија: Еден бренд доминира на листата

Точка

19/10/2025

16:58

1.144

Големина на фонт

а а а

Електричните и хибридните модели продолжуваат со забрзаниот раст.

Регистрациите на нови автомобили во Германија во септември 2025 година се зголемиле за 12,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година.


Според податоците на Сојузната управа за моторен сообраќај (KBA), на германските патишта биле регистрирани 235.528 нови возила, што е речиси 28.300 повеќе отколку во август, пренесува „autobild.de“.


Ова е листата на топ 10 најпродавани модели во септември:

1. VW Golf

2. VW T-Roc

3. VW Tiguan

4. Opel Corsa

5. VW Passat

6. VW Polo

7. Škoda Octavia

8. Audi A3

9. VW ID. 3

10. BMW X1

Како што може да се забележи, „Volkswagen“ убедливо доминира на листата, со дури четири модели меѓу првите пет, потврдувајќи ја својата водечка позиција на германскиот пазар.