Како да го продадете автомобилот за повисока цена? Со помош на овој трик може да „извлечете“ и до 5.000 евра повеќе од замислената цена

Точка

18/10/2025

18:04

2.626

Големина на фонт

а а а

Барбара Махешвари (30), основач на успешна компанија за виртуелни асистенти „Remote Bob“, повторно привлекла внимание во јавноста, овојпат не поради деловен успех туку поради еден добар маркетинг потег.

Неодамна Барбара објавила дека се разведува од сопругот Аман од Индија, чија приказна привлекла големо внимание во Хрватска. Таа ја искористила ситуацијата да го продаде скапоценото „Porsche“ кoe ѝ го купил Аман, но автомобилот бил регистриран на Барбара.


„Кога заминуваше во Индија кажа слободно да го задржам автомобилот. Сепак, мене ми делуваше подобро да го продадам и да му ги префрлам парите. И така имам друг автомобил којшто често го возам“, рекла Барбара.

Прв обид – неуспешен

Првата продажба преку стандарден оглас не дала резултати. Околу 230 прегледи и една понуда од 22.000 евра која Барбара ја одбила.

Поради тоа што регистрацијата, техничкиот преглед и осигурувањето набрзо истекувале, а годишните трошоци за автомобилот изнесувале околу 3.000 евра, продажбата станала итна.

Генијална идеја која стaнала вирална

Барбара тогаш смислила маркетинг трик, го огласила автомобилот како „Porsche на мојот сопруг“ со шеговита порака: „Не прифаќам замени, само готовина поради тоа што се разведуваме и не ми требаат два автомобили“.


Резултатот бил надвор од очекувањата: бројот на прегледи на огласот се зголемил од 230 на 36.963, имало 53 потенцијални купувачи, добила четири конкретни понуди, а дури шест луѓе ја повикале на состанок.

Автомобилот бил продаден за 27.500 евра, што е 5.500 евра повеќе од претходната понуда.

Барбара покажала како добро смислениот маркетинг со доза хумор може да донесе финансиски успех и медиумско внимание.