Познатиот ланец на продавници којшто најави доаѓање во Македонија, затвора 28 продавници: Без работа остануваат 165 вработени, а ова се причините за пропаст

Супермен

20/10/2025

10:02

2.360

Големина на фонт

а а а

Ланецот на продавници „Pepco“ објави план за реорганизација на работење во Германија којшто подразбира затворање на 28 продавници и отпуштање на 165 вработени.

Компанијата уште во јули станала „несоодветна“ за германскиот пазар, што предизвика загриженост меѓу работниците и купувачите.

Според официјалното соопштение, продавниците ќе бидат затворени поради „недостаток на економски перспективи“, а процесот ќе биде завршен најдоцна до крајот на јануари 2026 година.


Во погодените филијали наскоро ќе започне распродажбата. По реорганизацијата во Германија ќе работат 36 продавници, оценети како „перспективни“, а меѓу нив се филијалите во Оберхаузен и трговскиот центар „Миланео“ во Штутгард.

Извршниот директор на „Pepco“ истакнува дека целта е реорганизирање за постигнување на одржлива профитабилност.

„Планирана е реорганизација во Германија која е клучен чекор кон одржливата профитабилност врз основа на витката и отпорна оперативна база“, изјавил директорот.

Иако „Pepco“ глобално работи со 4.000 продавници во 18 земји и вработува 30.000 луѓе, амбициозните планови за германскиот пазар не успеале. Пред две години најавено било отворање на 2.000 продавници, но ситуацијата се развила во целосно друг правец.

За потсетување, неодамна беше најавено дека „Pepco“ ќе ги отвори првите продавници на македонскиот пазар во средината на 2026 година во Скопје, носејќи го еден од најголемите паневропски дисконти со широка понуда во 19-та земја.

Со повеќе од триесет милиони трансакции секој месец и четири илјади веќе отворени продавници во 18 европски земји, доаѓањето на „Pepco“ во Македонија е момент што многу локални потрошувачи долго време го очекуваа.


„Македонскиот пазар одамна е на нашата мапа. Ова е природен чекор во нашиот развој по успешното работење на нашите продавници и во Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција, и со задоволство потврдуваме дека ова ќе биде нашата 19-та европска земја. Целта на „Pepco“ е да им го олесни секојдневниот живот на потрошувачите, нудејќи модерни производи за домот и гардеробата по најдобри можни цени“, изјави Марчин Станко, извршен директор за Централна и Источна Европа и централни операции во „Pepco“.

„Нашите тимови веќе работат со партнери за да обезбедат отворање што ќе ги воодушеви купувачите во Македонија. При избор на локација, клучно е за нас да бидеме блиску до потрошувачите, без разлика дали се работи за трговски паркови, трговски центри или продавници на главните улици“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk