Ди Канио со брутална дијагноза за Јувентус: Кога носите играчи како Опенда и Жегрова…

Дерби

20/10/2025

11:28

289

Големина на фонт

а а а

Јувентус доживеа незгоден пораз од Комо и со својот настап предизвика жестоки реакции меѓу фановите и на италијанската фудбалска сцена.

Паоло Ди Канио важи за еден од најдобрите стручни коментатори на „Скај Италија“, а вчера направил брутална анализа на актуелниот Јувентус, односно проблемите кои веќе подолго ги има неговиот поранешен клуб.

Ди Канио не се согласува со голем број од своите колеги кои ги истакнуваат засилувањата доведени од „бјанконерите“ и смета дека клубот мора да ја промени насоката ако сака да се врати на врвот на италијанскиот клупски фудбал.

– Велите дека Јувентус има феноменален напад? Дали Опенда и Жегрова се феноменален напад? Како можете да кажете одличен напад со Опенда и Жегрова?

– Момци, разбирам дека во Италија немаме многу таленти и кога некој ќе дојде, се чини дека е нешто посебно, но… Опенда никогаш не постигнал многу голови.

– А Жегрова? Убаво е да се гледа, но мора да направиме споредба на интерационално ниво. Тука ги гледаме Орсолини и Политано и мислиме дека го гледаме Робен! Тие ангажираа добри таленти, но ако сакаме да зборуваме за Јувентус кој се бори за првото место, се повторува она што го реков минатата година за доаѓањето на Копмајнерс и Нико Гонзалез. Како можете да помислите дека со Нико Гонзалез, кој се бореше за осмото место три години по ред, и Копмајнерс, кој заврши четврти или петти во најдобар случај, тие ќе донесат победнички менталитет и лидерство во Јуве?

– Индивидуално, сите се добри играчи, но нивната брзина на влечење потези, нивното размислување и нивната способност за квалитетна реализација се далеку од стандардите на највисоко ниво. Локатели е добар играч, но му недостасува способност за креирање игра. Дејвид? Тој пристигнува со просек од еден гол на секои два натпревари во секој тим за кој играл, дури и со канадската репрезентација, но тој не е тип на играч на кој ако му дозволите да прави сè, ќе го промени лицето на тимот и ќе ги одлучи натпреварите. Тој е играч кој има потреба од шест или седум вертикални додавања за да се најде во шанса, а потоа постигнува гол на секои два натпревари.

– Генерално, мора да се прифати дека ова е моменталното и реално ниво. Во последниве години, на стручниот штаб му недостасуваа играчи кои се страствени за фудбалот и Италијанците, или поточно, оние кои имаат темелно разбирање на италијанскиот фудбал. Милан го освои своето последно скудето со помош на странски играчи, но тука беше Малдини, имаше италијански директори и стручен штаб. Интер во последниве години е воден од менаџер, односно претседател како Марота, Занети како потпретседател, а имаше и италијански стручен штаб.