Британската актерка и режисерка Ребека Хол се погрижи да привлече внимание со необичното модно издание на добротворната забава на „Academy Museum Gala“ организирана во Лос Анџелес.
Имено таа носела фустан со голо женско тело насликано на горниот дел. Оваа необична креација е дело на американскиот дизајнер Том Браун.
За разлика од многу други познати дами, таа не се појавила во потпетици, туку во рамни сандали. Косата и беше крената, а изгледот го надополни со едноставна шминка.
„Интересно. Ова беше неочекувано, а изгледа кул“, „Делува како боја за тело. Одлично. Ми се допаѓа“, „Уметничко дело“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку Хол е ќерка на британскиот режисер и основач на „Royal Shakespeare Company“, Питер Хол. Ја одиграла својата прва улога во 2002 година во продукција на нејзиниот татко на претставата „Mrs Warren’s Profession“ во театарот Стренд во Лондон.
По неколку години појавување во британски театарски продукции, таа го оствари своето деби на Бродвеј во 2013 година во „Machinal“ на Софи Тредвел, а глумела и во серијата на Би-би-си „The Listeners“, која е заснована врз истоимениот роман од Џордан Танахил.