„Од поранешна чистачка до сопруга“, во тајниот харем на Владимир Путин: Се спомнува и малолетничка

Точка

20/10/2025

13:15

849

Големина на фонт

а а а

Рускиот новинар Роман Баданин (48) во соработка со неговиот долгогодишен соработник Михаил Рубин (37) објави книга со наслов „Самиот цар: Како Владимир Путин нè измами сите“ (In The Tsar Himself: How Vladimir Putin Deceived Us All) која содржи бомбастични тврдења за љубовниот живот на рускиот претседател.

Тие разоткриваат мрежа од афери што се протега од стриптиз клубови и студентски домови до позлатените палати во Монте Карло и Москва.

„Приватниот живот на Путин е едно од најголемите табуа. Една од изреките меѓу руските новинари е: „Не го допирајте неговото семејство““, изјавил за „Дејли мејл“ Баданин, кој моментално живее во егзил во Калифорнија со сопругата и малата ќерка.

Состаноци во стриптиз клуб

Путин ја започнал кариерата во КГБ, озлогласената советска безбедносна агенција, а по падот на комунистичкиот режим во 1991 година, се свртел кон политиката. Веќе по три години, тој станал заменик-градоначалник на Санкт Петербург. Во тоа време, тој бил во брак повеќе од десет години со поранешната стјуардеса Људмила, со која имал две ќерки.


Сепак, тоа не го спречило да одржува редовни „состаноци“ во стриптиз-клубот „Луна“ во центарот на градот, кој го водела криминална група поврзана со неговиот телохранител. Наводно, тој имал соби на вториот кат за „приватни состаноци“ со млади изведувачки.

Вонбрачна ќерка

Сепак, првата вонбрачна врска на Путин не била со стриптизерка, туку со чистачката во продавница, Светлана Кривоногих.


Наводно се зближиле во 1999 година кога Путин бил премиер, а четири години подоцна ја добиле ќерката Елизавета, која денес се претставува како Луиза Розова. Токму таа дала интервју за истражувачкиот портал на Баданин, Проект, во 2020 година. Затоа неколку членови на ФСБ, руската служба за државна безбедност, го посетиле неговиот дом со налог за претрес. Потоа го однеле во полициската станица и го испрашувале четири часа без престан.


Раѓањето на Елизавета драстично ја променило финансиската состојба на нејзината мајка Светлана. Во 2003 година, преку офшор компанија, Кривоногих купила стан вреден 3,4 милиони на четвртиот кат во Монте Карло, најбараниот дел од Монако. Документите објавени во 2021 година го проценуваат нејзиното богатство на огромни 92 милиони евра, а вклучуваат стан во елитен комплекс во Санкт Петербург, недвижнини во Москва и јахта, пишува The Sun.

Познатата гимнастичарка

Ритмичката гимнастичарка Алина Кабаева станала национална хероина во 2004 година откако го освои златниот медал на Олимписките игри во Атина. Во тоа време, таа имала 21 година и била позната како „најфлексибилната жена во Русија“ поради нејзиното препознатливо движење – шпага наназад.

Постојат гласини дека нивната љубовна врска започнала во 2006 година, а можеби најубедливиот доказ дека таа му била љубовница на Путин се појавил една година подоцна, кога нејзиното поранешно момче починало откако „паднало“ од балконот на петтиот кат од стан во Москва.


Во 2014 година, Кабаева станала членка на Националната медиумска група со наводна плата од девет милиони евра годишно, а била и главен акционер на Банката Роси, една од најголемите приватни банки во земјата. Истата година, Путин и Кабаева биле видени како носат венчални прстени на Зимските олимписки игри во Сочи, каде што атлетичарката, веќе позната по прекарот „првата тајна дама на Русија“, била носител на факелот на отворањето.

Во тој момент, Путин го завршил бракот со неговата долгогодишна сопруга Људмила, иако изворите посочија дека знаците на раскинување биле очигледни уште од летото 2004 година.

Се верува дека Кабаева, која сега има 42 години, има два сина со Путин – 10-годишниот Иван и 6-годишниот Владимир – иако Кремљ инсистира на тајност, дури им дава на момчињата лажно презиме Спиридонов и ги брише записите за нивното постоење.


Врска со малолетничка!?

Се пишувало дека во 2010 година бил во врска со ѕвездата од еротскиот календар објавен за неговиот 58-ми роденден. Станува збор за тогашната малолетна ученичка Алиса Харчева (17), која позирала во долна маица со натпис: „Владимир Владимирович, ти си најдобар!“.

Се верува дека копија од календарот со контактите на сите млади жени што биле во него стигнала до Кремљ, а се шпекулирало дека Харчева ја посетувала резиденцијата на рускиот лидер двапати месечно во текот на годината. Таа, исто така, позирала на провокативната фотографија во пресрет на 60-тиот роденден на Путин. „Мислам дека Путин е фантастичен човек, силен лидер и идеален водач на земјата“, рекла тогаш Харчева.


Исто како и во претходните два случаи, нејзиниот живот одеднаш се претворил „од кал во злато“. По неколку години, било откриено дека таа живее луксузен живот во стан во затворен комплекс во една од најелитните населби во Москва.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk