Механичар го откри најдобриот половен автомобил на светот: Троши малку, лесно се одржува и е безбеден на секаков терен

Супермен

24/10/2025

13:00

2.583

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите автомеханичари открил кој половен автомобил моментално нуди најдобра комбинација на безбедност, удобност и ниска потрошувачка на гориво.

Скоти Килмер, популарен механичар од Јутјуб, истакнал дека „Тојота Корола“ е неговиот број еден избор за сите кои бараат квалитетни и пристапни половни автомобили.

Килмер особено го пофалил овој автомобил поради предниот погон, квалитетната внатрешност и исклучително безбедните стандарди.


Додал дека автомобилот одлично троши гориво, што го прави идеален за возачите почетници.

Веќе со години Килмер истакнува дека „Тојота“ е симбол на безбедност на патиштата, а за „Корола“ вели:

„Прво и најважно, огромен број на овој автомобил е продаден во светот, така што е лесно да пронајдете барем еден добар половен примерок. Нема потреба да купувате нов автомобил. Предниот погон одлично функционира и по дожд и по снег. Автомобилот има доволно простор во внатрешноста, квалитетен е, а возачкото искуство е пријатно. Троши малку гориво, а брзината е целосно доволна за секојдневното возење“.

Сопственикот на овој автомобил претходно имал „Тојота Јарис“, помал модел, но „Королата“ троши дури и помалку.

Кога станува збор за безбедноста, тука се воздушните перничиња кои се наоѓаат насекаде по кабината, што автомобилот го прават исклучително безбеден.

Најпродаваниот модел на „Тојота“

„Тојота Корола“ првпат се појавила во 60-тите години на минатиот век, а во текот на 70-тите станал еден од најпопуларните во Јапонија.

Со текот на времето станал најпродаван модел на „Тојота“ и воедно еден од најуспешните автомобили во историјата, како на домашниот така и на светскиот пазар.


Цена на половните „Корола“ автомобили

Половните модели стари неколку години можат да се најдат по цена меѓу 5.000 и 10.000 евра, додека пак поновите хибридни модели со мала километража чинат и до 20.000 евра.

И денес, овој автомобил останува еден од најбезбедните и најисплатливите на пазарот, идеален избор за возачите кои бараат безбедност, долготрајност и ниски трошоци за одржување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk