Државата каде платата е меѓу највисоките во Европа бара работници – може да заработите и до 7.000 евра, но треба да ги почитувате строгите правила

Супермен

27/10/2025

09:50

904

Големина на фонт

а а а

Швајцарија бара работници, а истите ги привлекува со високите плати кои можат да ги изненадат дури и искусните експерти.

Сѐ повеќе луѓе размислуваат за преселување во оваа алпска земја во потрага за подобри услови за живеење и работа. Прашањето кое многумина ги интересира е, колку навистина може да се заработи и во кои сектори се бараат работници.

Сѐ повеќе луѓе размислуваат за заминување во Швајцарија, што не е ни чудно затоа што таа земја веќе со години се сместува меѓу најпосакуваните дестинации за стабилно вработување и високи приходи. Моментално се бараат работници во бројни сектори, а се нудат атрактивни плати и брза постапка за вработување.

Според податоците кои ги пренесува „Business Insider“, просечната годишна плата во Швајцарија за полно работно време изнесува околу 78.000 швајцарски франци, односно 83.000 евра бруто.


На врвот по плата

Продуктивноста на земјата е највисока меѓу државите во OECD, благодарение на високото ниво на образование и квалификации. Во финансискиот сектор, ИТ индустријата, инженерството и медицината платите можат да достигнат и 90.000 до 140.000 евра годишно, со што Швајцарија е на врвот од европските земји по висина на плата.

Најмногу отворени работни места моментално има во здравството, угостителството, хотелиерството, градежништвото, логистиката. Особено се бараат физички работници, ИТ експерти и квалификувани медицински сестри, а во многу од случаите вработувањето е можно веднаш. Најголема плата се исплаќа во големите господарски средишта.

Околу езерото Цирих се наоѓаат низа меѓународни компании, а во самиот Цирих со 420.000 жители, се остваруваат половина од приходите од целиот швајцарски финансиски сектор.

Лузерн има моќен технолошки сектор со старт-ап компании, додека пак Женева е светско дипломатско средиште во кое се наоѓа седиштето на ОН, Црвениот крст, над 430 невладини организации и околу 1.300 странски компании.

Поради тоа што Швајцарија не може да ги задоволи потребите на пазарот на работа исклучиво со домашната работна сила, се потпира и на квалификувани имигранти.

Секоја трета компанија пријавува недостаток на работници, а меѓу големите компании тој број се искачува. Поради тоа платите се високо конкурентни. Цирих, Женева и Базел се вбројуваат меѓу градовите со најмногу приходи на светот.

Швајцарија не е интересна само поради високо платените експерти туку и речиси по сите профили на работници.

„Најважно е доброто образование. Кој е подготвен да работи, може добро да заработи“, вели Матиас Естерман, Германец којшто во Швајцарија се преселил пред 30 години.


Строго почитување на правилата

Работната недела во Швајцарија трае од 38,5 до 42,5 часа, а правилата за работно време и паузи строго се почитуваат. Високите плати ги следат и високите трошоци за живот, кирија, здравствена заштита и секојдневните трошоци кои се поскапи од Германија или Полска.

Пример цени: карта за во кино 21 евро, оброк во ресторан 27 евра, месечна членарина за во теретана 90 евра.

Киријата за двособен стан во центарот на Цирих се движи од 2.130 евра, во Женева 1.280 евра, а во Базел 1.064 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk