Крај на една ера за „Škoda“ – „мануелците“ заминуваат во историјата

Точка

31/10/2025

20:40

838

Големина на фонт

а а а

„Škoda“ од 2000 година има произведено дури девет милиони мануелни менувачи со пет или шест брзини. Сега е време да се прости од нив.

Точниот датум сè уште не е познат, но се знае дека процесот на гасење на производството ќе започне овој ноември, според информациите објавени во двонеделниот весник на синдикатот на „Škoda“. Со тоа започнува постепеното исчезнување на клучниот елемент „MQ200“ од помалите модели на брендот – оној што во голема мера придонесуваше за пониската цена на возилата.

Од друга страна, бројките зборуваат сами за себе: во текот на 2024 година, „Škoda“ произвела повеќе од еден милион менувачи, од кои речиси 355.000 биле мануелни, а околу 711.000 автоматски – со „DSG“ двојно квачило и седум брзини.


Вистина е дека продажбата на автомобили со мануелен менувач веќе подолго време значително опаѓа, бидејќи купувачите сè повеќе ја избираат удобноста на автоматските менувачи. Најверојатно, мануелниот менувач наскоро ќе остане достапен само кај поскапите модели, каде што ќе стане своевиден луксуз.

„DSG“ менувачот го презема приматот

Како и секогаш кога некое производство се прекинува, тоа со себе носи и намалување на бројот на вработени во една од фабриките. Според извештаите, запирањето на производството на менувачот „MQ200“ ќе доведе до укинување на третата, ноќна смена, но во „Škoda“ засега не се планираат отпуштања. Наместо тоа, работниците кои досега изработуваа мануелни менувачи во главната фабрика во Млада Болеслав ќе бидат пренасочени кон производството на електрични погонски системи.


Станува збор за клучен елемент за новите електрични модели кои бележат одлични резултати, особено „Škoda Elroq“, кој стана голем успех уште од моментот на своето лансирање. Така, „Škoda“ полека се простува од една ера во својата историја – ерата на мануелните менувачи – и влегува во нова, во која сите модели ќе бидат автоматски, со „DSG“ менувач со седум брзини, произведуван во фабриката во Врхлаби, каде што производството достигна рекордни нивоа.

Фактот што сите модели на „Škoda“ ќе станат автоматски не претставува проблем – истото важи и за „Volkswagen“. Меѓутоа, тоа би можело да биде предизвик за „Seat“, бидејќи нивните „Ibiza“ и „Arona“ во очекуваниот фејслифт најверојатно ќе ја изгубат можноста за мануелен менувач.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk