Американскиот актер Волтон Гогинс, ѕвездата на популарната серија на Ејџ-би-о – „Белиот лотос“ (The White Lotus), овие денови престојува во Белград – и очигледно се забавува одлично.
На Инстаграм објави низа фотографии од српската престолнина: селфи од улица, фотографија од ресторан, моменти со жива музика и вечерната атмосфера, која, судејќи според неговата насмевка, целосно го освоила.
Но, под неговите фотографии се појави и коментар кој привлече внимание. Еден корисник му напиша: „Одлично е што те гледам во Белград! Студентите овде се залагаат за вистината и правдата, добро би им дошол збор за поддршка од легенда како тебе!“
Гогинс на тоа брзо одговорил и собрал повеќе од 400 лајкови: „Тие протести вчера беа неверојатни! Инспиративни. Многу луѓе што ги запознав откако сум тука беа таму.“
На другите коментатори Вотон додал: „Сите тие луѓе… Вашите луѓе… Млади и стари… Кои стоеја… Беше извонредно тоа да се види!“
Со ова, американскиот актер, можеби и несвесно, ги поддржа белградските студенти кои во последните денови излегуваат на улиците, барајќи промени и поправедно општество.
Волтон Гогинс (52) е американски актер со импресивна кариера што трае повеќе од три децении. Публиката го памети по улогата на Шејн Вендрел во култната серија „Штитот“ (The Shield), а подоцна и како Бојд Краудер во наградуваната серија „Оправдано“ (Justified). Соработувал со режисери како Квентин Тарантино, глумејќи во филмовите „Џанго разуздениот“ (Django Unchained) и „Омразените осум“ (The Hateful Eight).
Во новата, трета сезона од хит серијата на Ејџ-би-о „Белиот лотос“, Гогинс го толкува ликот на Кенет, еден од новите гости во луксузниот одморалиште во Тајланд, каде што се одвива дејството на серијата. Неговиот лик е опишан како шармантен, но морално сомнителен човек – типичен гостин на „белиот лотос“ кој под површината крие многу повеќе отколку што покажува.








