На годишнината од неговото заминување објавена емотивна порака на профилот на Зоки Фаци: „Луѓето те сакаа затоа што беше свој без филтри и не се менуваше за никого“

Точка

03/11/2025

11:09

998

Големина на фонт

а а а

Помина една година од смртта на новинарот Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци. Тој почина на 1 ноември 2024 година, по долгогодишна борба со ракот.

И покрај тешката битка, Зоки до последен момент остана ведар, со неговата препознатлива насмевка и позитивен став, велејќи дека ќе го победи ракот и ќе се врати.

Сега, една година подоцна на неговиот Инстаграм профил осамна емотивна објава која растажи многумина, напишана од страна на неговиот внук со кој Зоки беше многу близок додека беше жив.

Објавата во продолжение ви ја пренесуваме во целост:


Една година помина… а чувството е исто. Да се изгуби човек како тебе значи да се изгуби дел од животот. Беше многу повеќе од вујко, беше брат, најдобар пријател, беше најголема поддршка за сите во секоја ситуација….

Човек кој знаеше што значи љубов, искреност и другарство. Несебичен до крај, даваше се од себе за другите, а никогаш ништо не бараше назад. Го живееше животот со полни гради, без кочници, секогаш со насмевка каков и да ти бил денот...

Кога нешто не беше во ред , го кажуваше право во лице без маски, без лаги. Остар како жилет и затоа сите те почитуваа...

Крал на таблоидното новинарство, легенда во шоу-бизнисот, човек кој креираше приказни, имиња, и знаеше како се прави спектакл.

Со вистински инстинкт за новитет и најдобар хумор што можеше да осветли и најтемниот ден. Човек со огромна душа, голем љубител на животните, на дружбите, на убавите моменти.

Луѓето те сакаа затоа што беше свој без филтри, и не се менуваше за никого. Царство небесно Зочко“.